Во синоќешното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Пеце Милевски кој дискутираше за дигитализацијата , односно стави акцент на јавната расправа која се одржа во четвртокот на тема „Реформски пакет на Предлог-закони за дигитална трансформација на Република Македонија, но и за можностите кои ги имаат граѓаните во насока на полесно добивање на електронски услуги.
Во поткастот тој истакна дека со реформскиот пакет закони за дигитална трансформација се обезбедуваат директни бенефити за граѓаните, се зајакнува безбедноста и интегритетот на дигиталните услуги, а воедно ги истакна и предностите од Законот за архивски материјал и архивска дејност.
„Благодарение на младиот и проактивен министер, еве стигнавме до четири закони коишто треба да бидат навистина реформски, коишто треба да бидат про-ЕУ, значи со внесување на ЕУ директиви во нив и коишто ќе придонесат за подобро функционирање на одредени институции но и услуги коишто граѓаните треба да ги имаат, но исто така ќе олесниме и подобро функционирање на институциите со самиот закон за архивско работење, на еден унифициран начин, со една база на податоци во којашто полесно ќе се работи, односно ќе се создава архивата, ќе се работи со неа, ќе се чува и полесно ќе се комуницира, но и безбедно ќе може граѓаните да ги имаат или да ги добиваат или да испраќаат документ, но институциите меѓусебно полесно да комуницираат и побезбедно“, вели Милевски.Пратеникот во поткастот истакна дека порталот е-услуги нуди можност граѓаните да добиваат документи со дигитален потпис и печат, а со самото тоа и скратување на времето за добивање на документите.
„Конкретно е-услугите во нашата држава треба да му помогнат на секого од нас побрзо да стигне до било која услуга, дали е лична карта, дали е извод, дали е уверение, дали е возачка дозвола или е некое барање до некоја институција, конкретно порталот е-услуги нуди голем број на услуги коишто треба да се надградуваат и ќе се надградуваат, а овие законски измени токму тоа и ќе го овозможат, што повеќе услуги граѓаните да ги добиваат по електронски пат со нивен дигитален потпис, со дигитален печат, со обезбедена сигурност, безбедност, да им овозможиме на граѓаните да имаат подобри услови на живеење, да ја намалиме бирократијата и да го намалиме времето на граѓанинот да стигне до одреден документ, до одредена услуга“, рече Милевски.