Предводникот на црвено жолтите најави и промени во репрезентацијата.
Селекторот Благоја Милевски по синоќешниот рекорден пораз на нашата најдобра фудбалска репрезентација на еден меѓународен натпревар, доживеан од Англија во Манчестер од 7-0 ја презема одговорноста и во свои и во името на репрезенативците и се извинува на македонската јавноста.Предводникот на црвено жолтите најави и промени во репрезентацијата.
-Секој што во иднина ќе биде повикан да го облече македонскиот дрес пред се ќе треба да се наеже што го добил повикот истакна меѓудругото Милевски на пресконференцијата по дебеклот во Манчестер на Олд Трафорд.
Селекторот воедно истакна дека и покрај поразот не размислува на повлекување бидејќи би бил најголемиот кукавица.„ Мислам дека одредени играчи се чувствуваат заситени со националниот тим, а секој кога ќе дојде во репрезентацијата треба да се наежи во националниот дрес. Но јас сум тој кој ја презема одговорноста… Но, и покрај тоа нема да се откажам на првата препрека. Ќе бидам најголема кукавица ако се повлечам. Нема да се повлечам на првата потешкотија. Напротив, секако ќе има многу анализи и ќе мора да се најдат решенија за да го надминеме ова затоа што ќе повторам дека играчите се истите оние кои ја победија Италија, јас сум истиот!“, изјави Милевски.