Милиони патници одлучија – Хрватска е апсолутен хит за 2025 година! Прекрасните плажи, историските градови, недопрената природа и уникатните наутички рути ѝ ја донесоа титулата за најдобра дестинација во Европа, пишува „Европски најдобри дестинации“ (European Best Destinations).
Секоја година милиони туристи ги откриваат убавините на стариот континент, а повеќе од милион патници од 158 земји оваа година ја избраа својата топ дестинација. Хрватска победи против силната конкуренција и го потврди она што домашните и странските гости веќе го знаат – таа е вистински рај на Земјата. Од Загреб до Јадранот, од планински врвови до патиштата за вино, Хрватска нуди неверојатна разновидност и искуство кое го одзема здивот. Кристално чистото море, богатата историја, гастрономијата и гостопримливите домаќини се само дел од причините зошто патниците од целиот свет ја избрале неа.