23.8 C
Скопје
19/04/2025 14:59
МАКТЕЛ

    

Милитаризирана ЕУ – Обид за нејзина рефакторизација (ЕУ со шлем и штит – но без компас)

      

ЕУ се обидува да постигне поголема автономија во сферата на одбраната и безбедноста, со цел да ја зголеми својата независност и да го зајакне своето влијание на глобалната сцена. Ова се гледа во стратегијата на ЕУ за „стратешка автономија“. Во последните години, Европската Унија (ЕУ) поминува низ сериозни институционални политичко-економски но и безбедносни предизвици. Од мигрантската криза, преку Брегзит, енергетската криза, конфузната надворешна политика (особено кон Русија и Кина) па се до заострување поточно заладување на економските односите со САД и односот кон војната во Украина, ЕУ се соочува со страв од можна геополитичка маргинализација. Оттаму и нејзината итна потреба да се рефакторизира и да ја промени досегашната водена геостратегија. Оваа реформа, или преобликување, се одвива во контекст на се поголемата растечка милитаризација на Унијата, што подразбира создавање и развој на сопствени одбранбено-безбедносни капацитети.

ЕУ се обидува да постигне поголема автономија во сферата на одбраната и безбедноста, со цел да ја зголеми својата независност и да го зајакне своето влијание на глобалната сцена. Ова се гледа во стратегијата на ЕУ за „стратешка автономија“. Преку иницијативи како PESCO (Permanent Structured Cooperation) и Европскиот одбранбен фонд, Унијата донесе одлука да вложува во заедничка воена мобилност, индустриски синџири и воено истражување. Тоа се обиди за излез од сенката на НАТО и САД. Од друга страна од класичната дипломатија, во последно време ЕУ користи фрази како „геополитичка Унија“, „одбранбена мобилност“, „проекција на моќ“ – кои во минатото беа типични за САД или Велика Британија. Ова е индикатор за обид за факторизација преку сила, а не вредности. Милитаризацијата на ЕУ е форма на компензација и стратегија на ЕУ да се репозиционира како фактор на глобалната сцена, особено по нејзиното дефакторизирање од страна на САД.

   

Но прашањето е: Дали тоа е реална воена независност или само симболична конструкција за домашни и регионални цели? САД имаат геополитичка визија и глобален механизам за проекција на сила, додека ЕУ има визија, но без средства за реализација. И затоа сметам дека милитаризацијата на ЕУ е повеќе декларативна, отколку практична, освен доколку не дојде до клучна политичка интеграција на безбедносниот сектор (нешто што Франција го предлага, а Полска го поддржува – но Германија е воздржана). Второ, досегашното искуство на овој план покажа дека САД сè уште се арбитер во клучни безбедносни прашања, вклучително и во Европа, додека ЕУ главно реагира, не иницира. Меѓутоа, процесот на милитаризација на Европската Унија не е без контроверзи. И покрај декларативните заложби за „стратешка автономија“, ваквата трансформација предизвикува сериозни прашања во однос на легитимитетот, функционалноста и политичката кохезија на Унијата. Контроверзите се особено изразени во следните аспекти:

Прво, се поставува прашањето за можноста од дуплирање на капацитетите со НАТО. Создавањето паралелни структури за одбрана и безбедност во рамките на ЕУ, без јасна координација со постојните механизми на Северноатлантската алијанса, отвора дилема за потенцијална институционална конфузија, распарчување на ресурси и стратешка неефикасност. Ова е особено изразено во контекст на различните перцепции за безбедносни закани меѓу земјите членки. Второ, постои очигледна политичка неусогласеност во рамките на самата Унија. Иницијативите за безбедносна интеграција не се прифатени со еднаков ентузијазам од сите земји членки – Франција промовира посебна европска стратегија за одбрана, Полска поддржува зголемено присуство на американски сили, додека Германија останува воздржана и внимателна кон амбициозни воени проекти. Оваа разнородност го поткопува концептот на заедничка одбранбена политика.

Трето, се јавува ризик од редефинирање на европскиот идентитет. Унијата, која историски се позиционираше како проект на мир, помирување и норми, сè повеќе се оддалечува од оваа симболика во корист на реторика за „проекција на моќ“ и „одбранбена мобилност“. Овој премин од „нормативна моќ“ кон „тврд реализам“ може да го девалвира нејзиниот глобален морален капитал и да ја наруши довербата на граѓаните. Четврто, процесот на милитаризација отвора прашања за транспарентност и демократска контрола. Развојот на Европскиот одбранбен фонд, инвестициите во воена индустрија и операционализацијата на PESCO се одвиваат со ограничено учество на Европскиот парламент и граѓанскиот сектор. Ова може да резултира со дефицит на легитимитет и отсуство на институционална одговорност. Петто, постои длабока внатрешна поделеност околу геополитичките приоритети, особено во однос на Русија и Кина. Дел од земјите членки, главно од Источна Европа, имаат рестриктивен пристап и силна ориентација кон САД, додека други, како Франција и Италија, се залагаат за стратегиско балансирање. Ова ја доведува Унијата во позиција на реактивност, наместо проактивност во креирањето на безбедносната политика.

Шесто, се поставува сомнеж дека концептот на „стратешка автономија“ е инструментализиран од страна на одредени водечки држави – пред сè Франција – како алатка за промоција на сопствени национални и индустриски интереси, прикриени под плаштот на заедничка европска безбедносна архитектура. Ова може да предизвика фрагментација и ерозија на довербата меѓу земјите членки. Седмо, актуелната милитаризација може да доведе до ескалација на тензиите со Русија, особено во Источна Европа. Проширувањето на военото присуство, зголемените буџети за одбрана и одржувањето на воени вежби во близина на границите на Русија не само што можат да бидат перципирани како провокативни, туку и да доведат до конкретни контрамерки и да предизвикаат непредвидливи геополитички последици. На крајот, обидот на Европската Унија да се милитаризира и да се претстави како самостоен геополитички актер, повеќе личи на бран од несигурност отколку на резултат на стратешка зрелост. Наместо обединета визија, гледаме фрагментиран пристап, каде што поединечни земји – како Франција и Полска – туркаат напред, додека други, како Германија, се колебаат.

Наместо интегрирана одбранбена структура, сведоци сме на паралелни проекти, симболични фондови и декларативна реторика. Она што некогаш беше Унија на вредности, денес сè повеќе го менува своето лице – од софт моќ кон проекција на хард моќ. Но, без реална автономија, без сопствени геополитички столбови, и без способност да носи храбри одлуки независно од Вашингтон, ЕУ останува сенка на сопствената амбиција. И додека се зборува за „стратешка автономија“, прашањето останува: автономија од кого, со која цел и по која цена? Бидејќи, ако демократијата, транспарентноста и вредностите ѝ станат жртви на новиот милитаризам, тогаш Унијата не само што нема да се рефакторизира – туку ќе се самоуништи одвнатре, во обидот да изгледа силна пред себе и пред светот. Кога беше формирана, Европската Унија (тогаш Европска економска заедница) имаше јасна визија: да ги обедини народите на Европа преку економија, меѓузависност и мир. Беше создадена како проект за надминување на национализмите што ја раскараа Европа низ вековите, со цел да ја претвори во простор на соработка, солидарност и благосостојба. Но денес, таа визија се заменува со нова реторика – реторика на моќ, оружје и геополитичка автономија наместо јазикот на вредности и норми. Европската економска заедница прерасна во нешто сосема различно: од унија на вредности, таа сè повеќе наликува на милитаризирана заедница во потрага по своја улога во светот кој станува се понестабилен. Наместо економска кохезија, сега се зборува за „одбранбена мобилност“, „геополитичка моќ“ и „проекција на сила“. Тоа не е само промена на стратегија – тоа е радикална трансформација на идентитетот.

  

Најново

Ивор Мицковски: Зошто Америка се откажува од светот, НАТО и Европа

Sase Ivanovski

40 БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ ДОШЛЕ ВО БИХ ЗА ДА ГО ЛИКВИДИРААТ ДОДИК?! Претседателот на Република Српска сака воен сојуз со Србија и со Унгарија

Sase Ivanovski

Се надевам дека за краток рок ќе ја завршиме истрагата за трагедијата во Кочани, истакна Тошковски

Sase Ivanovski

Апасиев: Диско -шталата била партиски штаб на ДПМНЕ, таму локалните функционери ,,локале” и јаделе

Sase Ivanovski

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Легендарниот хотел Нарцис во Брезовица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мода – Зимска облека во Милано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции?

Sase Ivanovski

Автомобил се превртел на патот од скопско Ново село кон Волково, кој стои раскопан повеќе од година и половина, а жителите велат и дека е небезбеден…

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

Sase Ivanovski

La dolce vita штотуку пристигна во TCC Plaza!

Sase Ivanovski

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица

Sase Ivanovski

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Sase Ivanovski

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Sase Ivanovski

Европска држава која нема војска и е многу безбедна…

Sase Ivanovski

Не постои метропола во светот (која не е во војна) што ги губи толку лесно културните и уметничките кодови

Sase Ivanovski

Двајца од загинатите во собраќајката се жители на странска држава, третиот е македонски државјанин

Sase Ivanovski

Израел не исклучува ограничен напад врз иранските нуклеарни локации и покрај тоа што Трамп се откажа од планот

Sase Ivanovski

СТИГНА Fire Fly – Оган без чад, задоволство без граници!

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не сме родени во Влада, ако сметаат ќе бидеме, ако не ќе одиме во опозиција, рече Таравари во Стадион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во недела само кулирање и озбилни теми…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овие очила за вештачка интелигенција би можеле многу да ви помогнат

Sase Ivanovski

Црвена Звезда се врати во Скопје – после три децении!

Sase Ivanovski

Жител на Врапчиште доби кривична пријава, покажал фалсификувана возачка на Табановце

Sase Ivanovski

Според Медведев, Русија без САД и ЕУ брзо ќе најде решение за украинското прашање

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

Sase Ivanovski

Се преземаат сите мерки за безбедна туристичка сезона во охрид

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Иако знаеја дека уставните измени не се последното барање на Бугарија, СДС свесно го лажеше народот

Sase Ivanovski

Еквадор стравува од можен атентат врз претседателот Нобоа

Sase Ivanovski

Граѓаните да внимаваат, пролетното сонце ги раздвижи и змиите

Sase Ivanovski

СДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Sase Ivanovski

Во Рим втора рунда преговори за иранската нуклеарна програма, Иран бара силни гаранции

Sase Ivanovski

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат дирeктно одговорните за трагедијата

Sase Ivanovski

По два обида за конституирање нов парламент, во Косово се можни нови избори

Sase Ivanovski

Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната

Sase Ivanovski

Русија тврди дека зазела уште едно село во Курск под контрола на Украина

Sase Ivanovski

Кривична пријава за светиниколец кој вршел јавен превоз без лиценца

Sase Ivanovski

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Sase Ivanovski

Трагедијата во Кочани во фокусот на денешните партиски препукувања

Sase Ivanovski

19-годишник со „бмв“ излетал од патот кај Миравци, починал на самото место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Емотивен говор на новиот градоначалник на Кочани. Ќе се избориме за правда,политика не не интересира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката кај Кичево

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода штипјанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Тошковски од Охрид: За 20% зголемен бројот на патници на охридскиот аеродром, СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski

Утре и задутре нема да се наплаќа во зоните на „Градски паркинг“

Sase Ivanovski

Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Sase Ivanovski

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Бројот на загинати од американските напади врз Јемен се искачи на 80, соопштија бунтовниците

Sase Ivanovski

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

Sase Ivanovski

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Sase Ivanovski

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski
Вчитувам....