-Кога едно убиство — најтежок облик на кривично дело — останува неказнето, тоа е тешка повреда на правниот и на моралниот поредок во целото општество. Кога убиец останува на слобода се губи доверба во институциите (полиција, обвинителство, судство), се праќа порака дека животот нема вредност, се поттикнува култура на страв и молчење, наместо правда и одговорност, а насилството се нормализира! Кога нема казна, има повторување!
Правдата не е избор, туку обврска на секое демократско и хумано општество!
Феликс — симбол на добрината, верноста и кроткоста — беше брутално убиен. Феликс не беше само уште едно бездомно куче, не беше само уште една несреќна жртва! Неговото убиство не смее да помине неказнето! Правдата не дискриминира по вид. Кој вака ладнокрвно може да посегне по нечиј живот може да посегне и по човечки. Живот е живот! Судот мора да изрече затворска казна ако сакаме и најмал зрак на надеж дека слични дела нема да се повторуваат во иднина, истакнуваат од здружението.
Ги објавија и барањата кои ќе бидат изнесени на протестот: Итно расчистување на случајот и максимална затворска казна за сторителот Љубе Крстевски како и за неговиот соучесник Бранко Билбиловски,Воведување минимум од 1 година задолжителна затворска казна за кривичното дело убиство и мачење животни од Кривичниот законик,
Формирање локални (општински служби за заштита на животните),Донесување закон за Комунална полиција (со полиција за животни),Превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните и системска едукација.Протестот го организира граѓанската иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД заедно со активистички здруженија и групи за заштита на животните од цела Македонија, односно околу 15 здруженија и групи од целата земја.Извор: politika.com.mk