Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 мај“ и корисниците од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско поле.Заедно со децата во еден од групните домови при ЈУ „25мај“, подготвувааа бадникова трпеза. Подготовката на празничната трпеза се состоеше од бадниково лепче со паричка, сарми, грав, колачиња и други посни јадења карактеристични за овој празник.Министерката Тренчевска денеска ја предаде донацијата од два телевизори за групните домови, обезбедени преку соработката на министерството и општествено одговорната компанија Жикол.
Истовремено беа разменети и други подароци во знак на празниците.Бадникова трпеза се подготвуваше и со корисниците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци -Топанско поле. Притоа, секој од нив беше вклучен во подготовка на храната за Бадник. Традиционално се кршеше и лепче со паричка, пропратено со песна и музика во изведба на корисниците и вработените. Искрените насмевки, прегратки и позитивната атмосфера се потврда дека социјалната реформа дава резултати. Децата и лицата со попреченост се дел од нашето општество и колку повеќе ги вклучуваме во секојдневието, толку поголеми придобивки ќе има целото општество. Продолжуваме посветено да работиме на каузата – едно општество за сите!
Со почит,