Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски лично отиде да му покаже на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, каде се наоѓа новото подрачно одделение на матичната служба во Аеродром.Претходно пратеникот се пожали дека ја барал службата во Аеродром за да ја заведе новородената ќерка во матичната книга на родени, но при тоа напиша дека такво нешто не постои и дека не била воопшто отворена.Министерот Андоновски денеска на социјалните мрежи му испрати на Апасиев и локација од Центарот за услуги.
„Бидејќи еден пратеник од изборна единица 1, вчера не успеал да се снајде во општина Аеродром и, намерно или ненамерно, не го нашол нашиот Центар за услуги, денес го посетив да проверам случајно да не “испарил”. Но, тука е и Центарот на Министерството за дигитална трансформација и услужливите вработени.
Брзо извадив електронски извод од книгата на родени, па вработените го испечатија за да можам да го користам било каде. Тука се достапни и услуги од МВР, АВРМ, ПИОМ…Не е сѐ совршено, но тука сме и работиме. П.С. Во прилог и мапа до локацијата, за “добронамерниот” пратеник да може да се снајде во општината за која кажува дека ја претставува во Собранието“, објави Андоновски.