13.8 C
Скопје
28/05/2025 22:25
МАКТЕЛ

     

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани: „Северна Македонија ја спроведува својата европска иднина“

      

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на Третата седница на Националниот совет за евроинтеграции, одржана во Собранието на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот ја пренесе клучната порака дека Северна Македонија повеќе не е земја која само ја планира европската интеграција, туку е земја која таа интеграција ја реализира на дело. „Северна Македонија не е повеќе земја што само ја планира европската интеграција, таа ја спроведува, преку конкретни реформи и резултати кои го подобруваат животот на граѓаните,“ истакна министерот Муртезани. Во своето обраќање, министерот ги потенцираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027, која веќе носи конкретни придобивки за земјата, како предфинансирање од Европската Унија, инвестиции, и проекти кои го подобруваат стандардот на живеење. Со тоа, Северна Македонија ја гради својата европска иднина не како далечна проекција, туку како реалност што се создава со секој донесен закон и секоја успешно спроведена реформа.

Во продолжение го имате интегралното обраќање на министерот Муртезани на Националниот совет за евроинтеграции: Почитуван Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, почитувани членови, почитувани колеги министри, дами и господа, Денес зборуваме од позиција на конкретни резултати. Зборуваме од позиција на искуство, одлучност и структурирана работа која ја трансформира реалноста. Северна Македонија повеќе не е земја што само ја планира европската интеграција, ние веќе ја спроведуваме. Нашата Реформска агенда за периодот 2024 – 2027, која произлегува од Планот за раст за Западен Балкан, веќе не е документ на хартија; таа е дневна обврска на институциите, мапа на движење на политичката визија и техничка рамка на конкретни реформи што го менуваат начинот на функционирање на јавниот сектор, деловната заедница, судството, образованието и енергетиката. Северна Македонија веќе го доби признанието од Европската Унија како прва земја од регионот што доби предфинансирање согласно Планот за раст. Тоа не е симболичен гест, туку директно признание дека оваа Влада знае како да креира, презентира и спроведува реформи кои се кохерентни, кредибилни и мерливи.
Реформите се веќе на терен. Имплементацијата на Реформската агенда во 2024 година се одвиваше со целосно зачуван континуитет и покрај политичката транзиција. Исполнети се сите пет иницијални реформски чекори предвидени до февруари оваа година, вклучувајќи го новиот Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, подзаконските акти од Законот за буџети, реформите во изборот на управни органи на државни компании и кадровските решенија во судството. Како потврда на нашата водечка улога во регионот во овој контекст, веќе поднесовме барање за ослободување на 17,1 милиони евра од ЕК. Овие мерки се само дел од Реформската агенда, која носи дополнителен финансиски поттик од 750 милиони евра за Северна Македонија. Дел од овие средства се за директна буџетска поддршка, а значителниот дел е наменет за инвестициски проекти и социо-економски развој, со јасна врска меѓу реформите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Паралелно, веќе се работи на 16 нови чекори со рок до јуни 2025 година, со вредност над 70 милиони евра, кои опфаќаат 4 приоритетни области: енергетика, дигитална трансформација, деловно опкружување и владеење на правото. Во тој контекст, еден од овие чекори, Законот за енергетика, веќе е усвоен од страна на Собранието, што ја потврдува способноста за навремено дејствување и отвора простор за натамошна мобилизација во клучните области што следуваат. Во својство на национален координатор за спроведување на Реформската агенда, ја користам оваа можност да упатам повик за заедничка мобилизација и интензивирање на напорите кај сите инволвирани чинители во процесот, вклучително и до вас почитувани пратеници, со цел навремено исполнување на преземените обврски. Ова особено се однесува на законодавниот пакет во областа на дигиталната трансформација, кој веќе е доставен до Европската комисија, како и на законите поврзани со реформите во правосудниот сектор; за што подетално ќе се осврнат колегите од ресорните министерства,  министерот за правда Филков и  министерот за дигитална трансформација, Андоновски.
Она што ја прави оваа фаза на Реформската агенда клучна е не само тоа што се работи многу, туку и тоа што реформите се дизајнирани така што се на одреден начин неповратни. Институционализацијата на промените, воспоставувањето на координациските механизми, дигиталната инфраструктура која ги поддржува процесите, сето тоа создава систем што не зависи од политичка волја, туку од обврска и правна рамка. Механизмите за отчетност и транспарентност се веќе функционални, а со усвојувањето на новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, јавната администрација доби јасни критериуми за управување со ризици и внатрешна ревизија. Би сакал да ве информирам дека Владата, на седницата одржана минатиот вторник, усвои два суштински акта со кои се воспоставува институционалната архитектура за спроведување на Планот за раст за Западен Балкан 2024–2027. Станува збор за Одлуката за утврдување на структурите за спроведување на Планот за раст и Уредбата за начинот на спроведување и контрола на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Со оваа уредба се воспоставува механизам за координација на две комплементарни нивоа: политичко, на кое одговорност носат ресорните министри, и оперативно, кое ќе го спроведуваат назначените службеници преку конкретни активности и следење на имплементацијата.
Во контекст на денешната дискусија, која ја отсликува Реформската агенда како национална можност, мислам дека треба отворено да ги адресираме и системските предизвици. Тие се реални и не ги прикриваме. Недостатоците во административниот капацитет, фрагментираното планирање и потребата од поефективен мониторинг и евалуација остануваат области за унапредување. Но, она што вистински ја разликува оваа фаза е постоењето на стабилна политичка поддршка, функционални институции и конструктивен дијалог со граѓанското општество и експертската заедница; услови кои ретко се поклопуваат и затоа сметам дека претставуваат стратешки капитал кој што го користиме целосно. За крај би сакал да нагласам дека оваа Реформска агенда не е инструмент што се подготвува за надворешна употреба. Таа е национална рамка за структурни реформи, во согласност со европските политики, но насочена кон домашна трансформација. Агенда за ефективна администрација, транспарентни институции, инклузивно образование и економија што е усогласена со европскиот пазар. Нашата европска иднина не е проекција, таа е тековна реалност, која ја градиме со секој донесен акт, секој успешно спроведен процес и секоја партнерска иницијатива што ја движи Северна Македонија напред.

   

Најново

Марта Кос: Проширувањето на ЕУ е прашање на безбедност, за првпат имаме вистинска шанса да го обединиме континентот

Sase Ivanovski

Костадинов до Кочовска: Доцна е за средба министерке, веќе сами ги решаваме проблемите на Струмичани – немаме време за глума и лажен ПР

Sase Ivanovski

ИК утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат

Sase Ivanovski

Фестивалoт на феминистичка култура ќе се одржи на 30 и 31 мај

Sase Ivanovski

720 невработени млади ќе добијат по околу 10.000 евра за да основаат бизнис

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски фатен во тесно за тендерот на МВР ја навреди новинарката која што го прашуваше за аферата

Sase Ivanovski

Концепт „два плус два“- можно решение според сообраќајните експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Штип – Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Промените се случуваат! Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Sase Ivanovski

Илон Маск е „разочаран“ од законот за трошење на Трамп, вели дека тој го поткопува она што го прави Одделот за ефикасност

Sase Ivanovski

Пензионерите ќе можат да заработат плата покрај пензијата

Sase Ivanovski

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОХРИДСКИ АВТОБУС НАПРАВИ ХАОС ВО ЦЕНТАР, ИСПОКРШИ СТОЛБЧИЊА НА КРУЖЕН ТЕК

Sase Ivanovski

Македонија најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на НБРМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАТЕНИ СО РАЧЕТО ВО МЕДОТ: Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Sase Ivanovski

Адеми: Македонците не можaт да го добијат “второто полувреме”

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува Европскиот парламент едногласно да го потврди македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Николоски по ратификацијата на договорот: Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

Договорот за инфраструктура со Британија помина со 76 гласа „за“ и 6 „против“

Sase Ivanovski

Поевтини заеми благодарение на ААА рејтингот на Обединетото Кралство, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: „Салим Сулејмани си замина од Собранието за амбасадор – како се вика тоа, ако не предавство?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЈАН СТОЈАНОВСКИ: Договорот со Британија не е државна тајна како тој со Бехтел и Енка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ: Грешка има во англиската верзија на договорот со Британија, но не и во македонската верзија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески за Договорот со Британија: Дали веќе се договорени фирмите – изведувачи?

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Ратификацијата на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи економски развој и инвестиции, младите во фокус на Владата со новиот план за вработување

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Зошто кредит од 6 милјарди евра кога имаме можност за неповратни грантови од ЕУ?

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Преседан во Собрание-Спогодба со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Почна со работа „Охрид Мол“ – симбол на новата визија за развој на Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НЕ МОЛЧАМ – ГРАДАТ НА ДИВО, МИЛИОНИ ИСПАРУВААТ, ВЛАДАТА СПИЕ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ: Славески ќе треба да го либерализира македонскиот банкарски сектор и да ги скроти банките кои го дерат народот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛУТНИЦА УЛИЧНИ КУЧИЊА СЕЕ СТРАВ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ НА БУГАРИЈА: Третиот протокол е можен, но нема да промени ништо, Бугарија нема да се помести нуту милиметар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 репортажа: Семејното и родово-базирано насилство зема замав и се почесто завршува и со фемициди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Расмусен: На Европа ѝ треба нов безбедносен модел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска-Давкова: Договорот со Велика Британија не е алтернатива за ЕУ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС против опремување на полицијата со униформи, откако ја оставија без основни услови за работа

Sase Ivanovski

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

Sase Ivanovski

Лишени од слобода крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака, додека 10 илјади луѓе умреа во КОВИД пандемијата тој печалеше за себе

Sase Ivanovski

МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа – Се намалуваат царините на 70-тина стоки, вклучително и литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија

Sase Ivanovski

Пренџов: Стратешкиот договор со Велика Британија нуди многу поволности, ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

28 мај – Меѓународен ден на менструалната хигиена: Менструацијата не смее да биде луксуз!

Sase Ivanovski

Герасимовски ги поканува граѓаните на добра храна и музика во петок во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

„Матица македонска“ објави нов роман од Велко Неделковски

Sase Ivanovski

Две милијарди евра инвестиција брза пруга Табановце-Гевгелија, Македонија на европската карго мапа во железничкиот сообраќај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека не му е грижа за народот, важни му се само провизиите, тендерите и бизнисот со кланот Заеви

Sase Ivanovski

Приведено лице барано по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена

Sase Ivanovski

СДСМ: Смрди на корупција-за скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Нема ни траг од фирмата што доби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште

Sase Ivanovski

Групата на Штекли се криела во бункери под земја ископани на државно земјиште

Sase Ivanovski

Молк во Бугарија за можните преговори со Македонија во Хаг

Sase Ivanovski

Уште едно лице осомниченo во предметот за пожарот во „Пулс“: ќе го гонат сопственикот кој го изнајмил објектoт

Sase Ivanovski

Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Sase Ivanovski

Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Чаир е под „опсада“ од параполицаецот Арсовска. Ганиу во обид да ги одбрани дивоградбите

Sase Ivanovski

Субвенции за реконструкција на фасади и кровови на стамбени згради во Куманово

Sase Ivanovski

Во Скопје стартува изнајмување на електрични автомобили – 22 денари по километар и 5 денари по минута

Sase Ivanovski

Гевгелија добива нова велосипедска патека која се протега на двете страни од завршницата на Западен Булевар што завршува кај Динќут

Sase Ivanovski

Ангелов гаснеше пожари и бркаше мечки – Меџити вели наследникот може да го надмине

Sase Ivanovski

Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат

Sase Ivanovski

Се чека одговор од Софија за билатерлна средба со Сиљановска во Хаг

Sase Ivanovski

Починато бебе однесено во струшката болница

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Беџети? – Судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Левица: Сестрата на директорот на СОЗР во МВР – непотизмот царува во владата

Sase Ivanovski

Дали ХЕ/ПАХЕ Чебрен е навистина добра инвестиција?

Sase Ivanovski

Членови на Судски на сослушување за постапката против судијата Беџети

Sase Ivanovski

Храни во синергија, што со што да комбинирате…

Sase Ivanovski

„Спона“ ги дообјаснува своите позиции за организацијата на изложбата „Скаутизмот во Македонија 1911-1941“

Sase Ivanovski

Лице починало за време на преглед во поликлиника во Аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вучиќ: Работиме и градиме

Sase Ivanovski

Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја

Sase Ivanovski

Арсовска: Меџити и „принцезата на дивоградбите“ да дојдат во Чаир наместо да промовираат туѓи проекти

Sase Ivanovski

Муцунски: Нашата држава ќе застане цврсто покрај американските сојузници, повикувајќи на храбри и одржливи инвестиции во одбраната, отпорноста и индустрискиот капацитет

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор: Вакцинирањето против коронавирус повеќе не се препорачува за деца и бремени жени

Sase Ivanovski

Бесир Шабани – нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Sase Ivanovski
Вчитувам....