„Иранскиот диктатор го претвора Техеран во Бејрут, а неговиот народ во заложници за опстанок на неговиот режим“, рече Кац, мислејќи на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, според Ал Џезира.
Иран и Израел продолжија да војуваат со напади со проектили и беспилотни летала во текот на ноќта, при што најмалку осум лица загинаа во Израел бидејќи иранските проектили ја нарушија воздушната одбрана во северниот и централниот дел на земјата.Околу 200 луѓе беа повредени, а 10 загинаа откако Иран во текот на ноќта изврши серија ракетни напади врз Израел како одмазда за израелските напади во петокот, за кои Израел рече дека биле насочени кон нуклеарната програма на Техеран, јави Танјуг.