Државниот секретар Кесер изрази надеж за реализација на амбициозните планови на министерството и потенцираше дека зголемувањето на ефикасноста на полицијата е важно за функционирање на правната држава. Во контекст на борбата со организираниот криминал, државниот секретар истакна дека освен ефикасна полиција, важна е и ефикасноста на судството и дека за зголемување на довербата во полицијата е важно зголемување на довербата во судството како нераскинливи делови на процесот во имплементација на законите, владеење на правото и правната држава. Во тој дел беше потенцирано дека поддршката кон достигнување на сите европски стандарди и процеси е тука и само ќе се унапредува.
Државниот секретар на крај изрази задоволство што заедничкиот дијалог ќе продолжи на Берлинската конференција во рамките на Берлинскиот процес, која ќе се одржи во септември, каде учесниците ќе имаат можност заеднички да разговараат и да носат одлуки за европската иднина на регионот на Западен Балкан.