Работна група која ќе ја сочинуваат претставници на Министерството за образование и наука, владината Служба за општи и заеднички работи, Градежниот факултет и повеќе други високообразовни установи при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе ги отстранува пречките за продолжување на изградбата на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, која започна во 2015 година, а беше стопирана во 2019 година. За оваа цел, денес министерката за образование проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Градежен факултет проф. д-р Горан Марковски и директорот на СОЗР, Ивица Томовски потпишаа меморандум за соработка кој предвидува, овие институции да спроведат индивидуални и заеднички активности кои ќе придонесат кон обезбедување на чиста состојба за продолжување на изградбата на објектите во кампусот на најстариот универзитет во Македонија.
Според неа, административните предизвици ќе бидат надминати до крајот на годината, по што преку постапка за јавна набавка ќе се одбере најповолен изведувач на ревидираните проекти за двата објекти. Изрази голема благодарност до сите кои прифатија да помогнат во остварувањето на целта која е од интерес на младите, на високото образование и државата. Министерката потсети дека според потпишаните договори за реализација на проектите во 2015 година, обејктот на ФИНКИ требало да чини 784 милиони денари, но само 14% од работите во договорот се реализирани и исплатени. Во апсолутен износ, тоа е износ од 110 милиони денари. Додека Факултетот за физичко образование, спорт и здравје требало да чини 432 милиони денари, а реализацијата на проектот е 16,8%, односно исплатени се 73 милиони денари.
Повторно многу ветувања… Ќе видиме ли реалност? Извор: Новинска агенција МЕТА