На прес конференција одржана денеска (13 мај 2025), се најави најголемиот ММА спектакл кој ќе се одржи на 6 септември 2025. Министерството за Спорт донесе историска одлука, официјално го призна ММА спортот во Македонија. Мешаните боречки вештини (ММА) се официјално признаени како легитимен спорт во Македонија. Со оваа одлука, Македонија станува четвртата земја во Европа што го признава ММА како официјален спорт, потврдувајќи го растечкиот успех и влијание на овој спорт на нашата територија.
Ова признание е резултат на долгорочна посветеност, страст и исклучителни успеси на македонските борци на домашната и меѓународната сцена. Особено се истакнуваат постигнувањата на клубот “Д Стронгест”, Даниела Алексовска, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, Во последниве две години, тие донесоа чест и респект за нашата земја на меѓународната ММА сцена како и безброј победи, двајца европски прваци и бронзен медал на Светското ММА првенство.
View this post on Instagram