Државниот секретар во МВР Петрушевски изрази благодарност за досегашната поддршка и соработка со Романија, која е на високо ниво. Исто така, тој ја потенцираше потребата за продолжување на регионалната соработка и брзата размена на информации, се со цел сузбивање на организираниот криминал, илегалната миграција, како и во делот на борбата против криумчарење мигранти и борбата против тероризмот.
Амбасадорката Аксинте ја потврди силната поддршката на Романија за нашето членство во Европската Унија, како и за нивната подготвеност да понудат помош во конкретни области кои се од заеднички интерес. На средбата се разговараше и за заедничкото учество во меѓународните и регионалните иницијативи, организирањето на обуки во претстојниот период и можностите за натамошен развој на билатералните односи.