Амбасадорот Улусој искажа благодарност за досегашната соработка помеѓу двете земји, а особено се заблагодари на поддршката и соработката со Министерството за внатрешни работи.
Заменик министерот Исени се заблагодари на поддршката и помошта која Република Турција и ја дава на Република Северна Македонија, оценувајќи ја соработката како исклучително пријателска. Тој ги презентираше предизвиците со кои се соочува МВР, нагласувајќи дека принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува.
На средбата беше потврдено дека Турција е еден од нашите најблиски партнери, како и важен сојузник во НАТО, а взаемниот долгогодишен пријателски и партнерски однос е надополнет со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка на која двете држави остануваат посветени. Заменик министерот Исени и амбасадорот Улусој се согласија дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена.