Денеска (19.04.2025) во 01.18 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.С.(44) од Штип.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.