На 10.03.2025 во 00.35 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ж.М.(49) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Исто така, на 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.