На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час.
Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.