Министерството за правда ја информира јавноста дека започнува едукативна кампања под мотото „Наша надлежност, твое право“,насочена кон јасно и разбирливо претставување на неговата улога, надлежности и одговорности во институционалниот систем на државата. Целта е да ја зголемиме информираноста на граѓаните за тоа како функционира правосудниот систем, каде се позиционира Министерството за правда во истиот, и кои се реалните механизми преку кои Министерството може да делува и да обезбеди владеење на правото и да ги претстави кои се останатите чинители.
Со оваа иницијатива, сакаме да разјасниме некои чести недоразбирања и очекувања во врска со улогата на Министерството, да ги запознаеме граѓаните со услугите кои што ги нуди Министерството за правда, како и да поттикнеме поголема правна култура и доверба во институциите. Кампањата ќе се реализира преку социјални мрежи, јавни настани и соработка со граѓанскиот сектор . Ги повикуваме сите граѓани, организации ,медиуми да се вклучат и да ја следат оваа иницијатива, со цел заеднички да придонесеме кон појасна и потранспарентна слика за тоа што претставува Министерството за правда.