Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина.
Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.
Клучни новини кои се предвидени со Законот:
• Се предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.
• Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Истакнати нови, појасни квалификации.
• Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.
• Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.
• Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.
-За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака. Очекуваме Предлог Законот за Судски совет наскоро да биде усвоен во Собрание, како што и беше предвидено.