Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и Кичево. Минчев порача дека вистинската сила е во народот и дека ЗНАМ ја гради својата програма врз основа на реалните проблеми и потреби на луѓето: „Не ветуваме чуда, туку решенија. За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити.“ – истакна Минчев. Средбите во овие две општини беа искористени и за дијалог со младите, земјоделците и претставниците на локалниот бизнис, при што беа отворени клучни прашања како што се: – иселувањето на младите – нефункционалната администрација – недостатокот на инфраструктурни инвестиции – потребата од децентрализација
„Македонски Брод и Кичево не бараат милост, туку шанса. Нашиот план е јасен – ќе донесеме локални политики со вистинска финансиска поддршка и транспарентна реализација. Време е граѓаните да добијат институции што работат за нив, а не против нив.“ – порача Минчев. Во таа насока, тој најави дека Движењето ЗНАМ ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж. „Заедно со Вас, ќе понудиме луѓе со кредибилитет, интегритет и желба да
работат. Ќе им дадеме шанса на нови лица од локалната заедница – млади, жени, активисти, кои знаат и сакаат да ја променат средината во која живеат.” – додаде Минчев. Во рамки на посетата на Македонски Брод, генералниот секретар Горан Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на Општинската организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за
комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница. Движењето ЗНАМ продолжува со теренските посети низ целата држава, со цел градење на изборна програма што ќе произлезе од дијалогот со граѓаните, а не зад затворени партиски врати.