Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски според последните информации ќе го пропушти денешниот натпревар на Жирона против Барселона кој се игра во терминот од 16:15 часот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Миовски нема може да им помогне на своите соиграчи поради повреда на коленото. Миовски по настапот за Македонија се вратил во Жирона со болка во коленото и поради тоа се најавува дека Жирона нема да ризикува со него за да не дојде до посериозен проблем. Докторите во Барселона ќе извршат и детални прегледи и сите во клубот се надеваат дека Миовски ќе биде подготвен за завршницата од Ла Лига. Ќе потсетиме Миовски во настапот за Македонија во квалификациите за Светското првенство беше стрелец против Лихтенштајн и Велс, а во јуни Македонија ја чекаат натпревари со Белгија и Казахстан.