Би сакала преку Вашиот медиум да објавам кратка информација од интерес за јавноста дека МНТ не ги враќа парите за претставите кои ги одложи, во светло на траорниот настан во Кочани којшто ја обви Македонија во смрт. Иако беше објавено дека парите ќе ни бидат вратени, Јас лично бев на билетарата на МНТ и два пати потоа се јавив по телефон и според вработената на шалтер
ми беше кажано дека УПРАВНИОТ ОДБОР на МНТ и ДИРЕКТОРОТ на МНТ забраниле враќање на пари.
Двете карти имаат оригинални кодови и цена и Ви ги праќам во прилог, GS613/18301037 како и
GS613/183010374 и GS613/183010375. Не постои ниту теоретска шанса картите да се фалсификуваат поради тоа што во МНТ има регистар на продадени карти и фискални апарати кои можат да се споредат. Би сакала да го повикам Министерот за култура г-дин Љутков да им објасни на луѓето во МНТ дека МНТ не плаќа ДДВ на УЈП и дека МНТ е субвенциониран од државата. Исто така сакам да го информирам и Амбасадорот на Црна Гора во Македонија за ова што се случува. п.с. Еве шанса да се види дали нешто после Кочани се сменило на микрониво во институциите. Барам да не продолжуваме „како до сега“ и барам да се разгледа можноста да се стави на одговорност раководство на МНТ, како Управниот одбор така и Директорот. Сакав парите да ги донирам за настраданите во Кочани но тоа не ми е овозможено. п.с.с. Имеилот е препратен во BCC до доста редакци.