Во рамки на минхенската безбедносна конференција на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД за специјални мисии, Ричард Гренел заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Муцунски, учествувавме на сесијата посветена на новите политики на американската администрација предводена од претседателот Трамп, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски на неговиот фејсбук профил.
– Од особена важност е да се слушнат пораките од Вашингтон, кои носат една нова поинаква реторика и која првенствено се залага за постигнување на мировно решение, за која се залагаме и ние како држава и членка на најголемиот политичко-воен сојуз во светот, напиша на фејсбук министерот Мисајловски.