МАКТЕЛ

    

Мисајловски: Сега сме еднакви во НАТО, но не смееме да заборавиме дека како држава дадовме многу

      

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност, најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет и важен предуслов за благосостојба на граѓаните. Ние не сме повеќе објект во гео-политичките дискусии, сега сме субјект кој активно придонесува во дискусиите и во носењето на одлуки по сите прашања. Моментално го имаме најголемиот буџет во Министерството за одбрана во овие децении. Важно е Армијата да се модернизира, да ги модернизираме нашите капацитети и да вложуваме во човечкиот потенцијал. Ова беа главните пораки од денешната трибина „Пет години членство на Република Северна Македонија во НАТО: Постигнувања, перспективи и предизвици“, што се одржа во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста. Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање денеска на трибината нагласи дека ние како земја имаме две стратешки цели, НАТО и ЕУ. -После овие 30 години, се уште сме надвор од ЕУ семејството, сè уште сме во чекалната. Дадовме многу жртви. Како држава, дадовме многу од нашиот идентитет, промена на име, промена на знаме, промена на банкноти и многу отстапки кои се случувале изминатите години. Да, сега сме еднакви во НАТО, но не смееме да заборавиме дека ние сме сериозна земја членка од 2008 година. И тогаш беше нашето место во НАТО. Сега седиме еден до друг, имаме право да си го кажеме нашето мислење, но секој од вас е заслужен што Македонија е во НАТО – рече Мисајловски.

Како што посочи, она што е обврска за нас и она што сме го добиле од НАТО, ќе го исполнуваме. Тој напомена дека 32 проценти од нашиот буџет оваа година, се директно одвоени за модернизација. -Пред нас се сложени времиња. За жал, на европското тло има повеќе од три години војна, но не само на европското тло, туку и надвор од границите на континентот имаме загрижувачка безбедносна ситуација. Она што е важно за нас како држава, е да имаме над 2 проценти буџет, во овој момент тоа го имаме. Треба да се разговара и за регионалниот пристап, треба да се разговара што е најпотребно за нашата Армија, но исто така и да помагаме на сите наши сојузници и пријатели. За да бидеме едно големо семејство, треба да ги достигнуваме сите оние постапки што ги прават големите земји во НАТО – додаде Мисајловски. Тој информираше дека редовно се исплаќаат сите средства на сите војници, на сите офицери и тоа така ќе продолжи. Напомена дека Министерството паралелно ќе издвојува средства и за нивните капацитети, а паралелно и ќе се модернизира. -Моментално го имаме најголемиот буџет во Министерството за одбрана во овие децении и максимално ќе се посветиме, целосно да помагаме во човечките ресурси, но исто така да ги подобруваме нашите капацитети. Голем број на нашите капацитети што ги има Миниистерството за одбрана, но и во Армијата, се за жал во лоша состојба. Кога треба да бидеме еднакви на масата и да седиме со другите земји членки, треба да одвојуваме средства и за овие објекти. Согласно НАТО потребата, ние треба да издвојуваме 20 проценти од нашиот буџет за модернизирање. Навистина, оваа година ќе има многу проекти кои ќе ги реализираме – додаде министерот.

   

Генералот во пензија, Павле Арсоски во своето обраќање денеска на трибината потенцира дека членството во НАТО како стратешка цел секогаш имало силна поддршка од граѓаните и широк натпартиски, меѓуетнички и општествен консензус. -Придонесот во меѓународните операции е во духот на стратешките определби на државата за придонес кон глобалниот мир и безбедност и претставува уште една потврда за подготвеноста за споделување на предизвиците како полноправна земја членка на НАТО. Македонија како една од поновите членки на Алијансата веќе ги исполнува целите што НАТО ги постави на самитот во Велс во 2014 година. Тогаш членките на НАТО се обврзаа во следната деценија да достигнат одвојување од најмалку 2 отсто од нивниот бруто-домашен производ (БДП) за одбрана и најмалку на 20 отсто од буџетот за одбраната за нова опрема и модернизирање на одбранбените сили – додаде Арсоски. Тој информираше дека нашата држава во минатата година инвестирала 2,05 отсто од БДП за одбрана, или 327 милиони евра. За споредба, во 2023 за одбраната се издвоило 1,85 отсто од БДП, а во 2022 година 1,57 отсто од БДП. -Сепак сведоци сме дека и 10 години по НАТО самитот во Велс, 1/3 од државите членки сè уште го немаат достигнато тоа на што се обврзале. И годинава, исто како и минатата, речиси една третина од буџетот за македонската одбрана е наменет за модернизација и опремување на Армијата процес кој започна пред приближно пет години и е во напредна фаза, со што се исполнува и критериумот за зацврстување на капацитетите на националната и колективната одбрана на НАТО. И ова не останува незабележано. Сојузниците го поздравуваат напредокот на Македонија и ја охрабруваат земјата да продолжи да ја развива одбраната – додаде тој.

Тој напомена дека улогата на НАТО во поддршка на Украина во овие критични времиња е од клучно значење, потенцирајќи дека нашата држава сочувствува со украинскиот народ во оваа агресија од страна на Русија. -Новата американска администрација во изминатите 2 месеци инсистира на значително зголемување на инвестициите во одбраната и способностите од страна на европските членки на НАТО, најавува намалување на американското присуство на европскиот континент, упорно и одлучно презема мерки за брзо завршување на војната во Украина, наметнува такси и имаме трговска војна во зачеток … Се тоа случувања кои од една страна предизвикуваат загриженост но од друга страна иницираат акција – напомена Арсоски. Како што подвлече, трошоците за одбраната на Европа во рамките на НАТО со децении наназад, дури до 70 проценти ги покриваше САД. -Тоа очигледно наскоро ќе се промени. Оние минимум 2 отсто инвестиции во одбраната прераснаа во потреба од 3-5 отсто. ЕУ и европски членки во НАТО најавуваат околу 800 милијарди инвестиции во одбраната што е приближно еднакво на воениот буџет на САД. Во одредени држави се најавува враќање на задолжителна воена обука на сето машко население со цел изградба на резервен состав. Се најавува засилување на воено индустрискиот комплекс, инвестиции во нови одбранбени систем. Но јасно е дека нешто што се запоставувало со децении, нема да може да се надомести во една или две години. И ова само почеток на повторното вооружување на Европа, омасовување на европските армии и воспоставување на баланс во однос на Русија – рече Арсоски. Генералот во пензија, Илија Николовски, во своето обраќање рече дека пристапување на државата во НАТО претставува важен и историски чин во реализацијата на нашата стратешка цел, бидејќи за нас како мала земја, која се наоѓа на многу важна, чувствителна гео-стратешка положба, постигнувањето на оваа цел е од особена важност. -Пристапување на државата во НАТО претставува важен чин затоа што нашето непосредно опкружување се соочува со многу неизвесни предизвици, како што се меѓународен тероризам, шверц и пролифирација на оружје, хибридни закани и сајбер напади. Затоа, заедно со останатите членки на НАТО, здружени заедно, можеме успешно да се бориме против овие неизвесни закани. Секако, најголемата сатисфакција претставува официјалниот прием на Република Македонија во НАТО. Нашата земја стана дел од најмоќната воено политичка сила во светот, а македонското знаме, почнува да се вее заедно со знамињата на САД, Велика Британија, Германија, Франција и останатите демократски светски сили – рече Николовски. Тој подвлече дека зачленувањето во НАТО е и политичко и безбедносно прашање за сите граѓани. Тоа, како што посочи, претставува процес кој длабоко и суштински се одразува на севкупниот живот, на иднината на секој граѓанин на државата, како и на идните генерации. -Со зачленувањето во НАТО, еднаш засекогаш ја гарантираме безбедноста на нашите граници, влегувањето во најмоќниот сојуз во светот, како рамноправни со големите сили. Како полноправни и еднакви членки на НАТО земји, носиме геостратегиски одлуки за својата иднина и иднината на нашите деца – рече Николовски.

  

Најново

Јаревски: Членовите на Судски совет доблесно e да се повлечат, ако за нешто имаме консензус тоа е дека ако некој згрешил треба да одговара

Sase Ivanovski

Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција

Sase Ivanovski

Грипот зеде уште еден живот – минатата недела нови 2.347 заболени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дутерте ја презема целосната одговорност за крвавата војна против дрогата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Доживотен затвор доби Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Sase Ivanovski

СДСМ: Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фани-Сорос е гласноговорник на режимот што 7 години пустошеше низ Македонија

Sase Ivanovski

Меџити: Истрагата за скандалот со штетниот мазут ќе оди до крај!

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

Sase Ivanovski

Ќе се унапредува процедурата за центрите за жртви на сексуално насилство

Sase Ivanovski

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

Sase Ivanovski

ЈАС СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ: Се додека не се направи реформа на судството ќе се замајуваме со политички решенија, вели Најчевска

Sase Ivanovski

АДВОКАТОТ ЈАНАКИ ЗА ДАМЕВА: Немам ништо лично против неа, но се работи за класична партиска инсталација

Sase Ivanovski

ТАТКОТО НА ЈАХОСКИ СЕ ПОВИКУВАЛ НА ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ И НЕ ОТВАРАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Прв се обидел да дојде до документи и електронски уреди кои би се поврзале со спорните набавки

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

Sase Ivanovski

Како KИА направи огромен позитеивен пресврт

Sase Ivanovski

На изборите во Гренланд победи партијата на десниот центар, која му рече на Трамп „не сме на продажба“

Sase Ivanovski

Русите го освојуваат Курск, Украинците се повлекуваат

Sase Ivanovski

ЕУ е исклучена од преговорите за Украина и нема никаков збор, вели новинарот Георгиевски

Sase Ivanovski

Бизарна несреќа во САД: Куче го застрела својот сопственик

Sase Ivanovski

Фудбалерите ќе имаат голема поддршка, билетите за гостувањето на Велс одлично се продаваат

Sase Ivanovski

Без струја делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Улици во Аеродром, Центар и Ѓорче Петров во четврток ќе бидат без струја

Sase Ivanovski

Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инциденти на протестите поради ниските пензии во Аргентина, десетици повредени и повеќе од 120 уапсени

Sase Ivanovski

Мексико ќе почека пред да одговори на царините на САД

Sase Ivanovski

Паолучи: Јавниот долг на Македонија значително е зголемен на 62,4 проценти

Sase Ivanovski

Кредитобарателот понекогаш може да ги исплаќа и долговите на жирантот, граѓаните често не знаат за долговите што ги преземаат

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Како се “полнеле” и “празнеле” општинските каси, Струга, Тетово, Чаир, Сарај и Град Скопје

Sase Ivanovski

Божиновска: Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас

Sase Ivanovski

Трамп воведува построги правила за Канаѓаните во САД

Sase Ivanovski

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата

Sase Ivanovski

Кога ја најдовме Вања, рацете и нозете беа врзани со стега, на устата имаше лента, сведочи началник

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА НА ПАРИ: Дали инфлацијата ќе го стопира падот на каматите уште на почетокот?

Sase Ivanovski

СДСМ бара Обвинителство да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИМА ЕДЕН ЗАГИНАТ И ДЕСЕТИЦИ ПОВРЕДЕНИ: 500 КРАВИ ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ 10 ГОДИНИ ГИ ТЕРОРИЗИРААТ ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА, ДРЖАВАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА ГИ ОДЗЕМЕ ОД НЕСОВЕСНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ!

Sase Ivanovski

Во Сирија формиран совет за национална безбедност по бранот насилства кој резултираше со 1.400 мртви

Sase Ivanovski

Карни во петок ја презема премиерската функција на Канада

Sase Ivanovski

Германски „Рајнметал“ преплавен со нарачки за оружје

Sase Ivanovski

Прилепчанец нападнал медицинска сестра додека му пружала помош

Sase Ivanovski

Со американски хеликоптер префрлени мигранти од воениот затвор Гвантанамо во Луизијана

Sase Ivanovski

Царините на Трамп предизвикаа глобален бојкот на американските производи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Земјотрес во Неапол: Еден повреден, голема материјална штета

Sase Ivanovski

Уапсениот капетан на товарниот брод што се судри со американски танкер е Русин

Sase Ivanovski

Пророштвото на Џорџ Кенан

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ГИ НАТЕРАЛ ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИ ДА ИСКОПААТ ДУПКИ НАД ВЕЛЕС ЗА КИДНАПИРАЊЕ ЛУЃЕ, ЗА ДА ГИ СТАВААТ ВНАТРЕ СО ВРЗАНИ ТЕГОВИ НА НОЗЕТЕ, СВЕДОЧИ ВЕЛИБОР МАНЕВ

Sase Ivanovski

По улицата кај МКЦ се вози по крпенки, дупки и испакнати коцки, надлежните заборавиле да ја подноват

Sase Ivanovski

Во Куманово наврнало најмногу дожд изминатото деноноќие

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Путин за првпат дојде на фронтот во Курск, се појави во маскирна униформа

Sase Ivanovski

Русија зароби 430 украински војници во областа Курск, украинската армија се повлекува на повеќе позиции

Sase Ivanovski

Софија: Мицкоски не ги разбира добро одлуките на Европскиот суд, се меша во бугарските работи

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: Растечкото геополитичко ривалство го ослабнува системот за колективна безбедност

Sase Ivanovski

Руската страна изнесе долг список со барања за прекин на војната

Sase Ivanovski

Лазаров: Не е срамота да загубиш од Словенија

Sase Ivanovski

Фицо: Ги поддржувам сите мировни планови и предлози за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

Кривичен суд денеска ќе ја објави пресудата за убиството кај „Мавровка“

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Новото нормално стана ненормално

Sase Ivanovski

Кој е Французинот на чиј шарм падна Натали Портман?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драмата во Мадрид со среќен крај за „кралевите“: Реал на пенали го елиминираше Атлетико

Sase Ivanovski

Интервју со Симона Салтирова, мејкап артистка: Невестинската шминка е најголем предизвик, мора да биде совршена и во живо и на фотографија

Sase Ivanovski

Манев: Полициски инспектори ме тепаа за да кажам дека Палчо комуницирал со таткото на Вања

Sase Ivanovski

Доминго е вториот од славните „тројца тенори“ што ќе настапи во Македонија, по концертот на Хосе Карерас на „Охридско лето“ во 2005 година

Sase Ivanovski

3 најчести машки грешки кои го поткопуваат бракот

Sase Ivanovski

Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Протести во бугарските градови, граѓани бараат да запре мешањето на власта во Уставниот суд

Sase Ivanovski

Додик: Никој нема да ме уапси, ме штити полицијата на Република Српска

Sase Ivanovski

ЈА УДРИЛ ДОДЕКА ТАА МУ ПРУЖАЛА ПОМОШ Прилепчанец нападнал медицинска сестра

Sase Ivanovski

„ПАЛЕВСКИ ВЛЕТА НАЕДНАШ И ИСПУКА КУРШУМ ВО СЛЕПООЧНИЦАТА НА ЖЕЖОВСКИ“ Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се наплатат пари

Sase Ivanovski

КОГА ВИДЕЛЕ ДЕКА Е ДЕТЕ, МУ РЕКЛЕ НА ПАЛЧО ДА ГО ОСЛОБОДАТ Палевски пукаше во Вања преку перниче и потоа ни нареди да ја закопаме, вели Манев

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нови патишта и граничен премин за развој на туризмот во Македонија, оглас за нови 300 војници во АРМ

Sase Ivanovski

Стоилковиќ: Чест ми е што на покана од страна на Македонско-турската комора МАТТО и претседателот Адемовски, во име на меѓусебното почитување и досегашната соработка, заедно со премиерот Мицковски, гувернерот на НБРМ , Бежовска, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски присуствував на традиционалната Ифтарска вечер

Sase Ivanovski

Мицевски: Започнува проектот за реставрација и изградба на Акрополот на тврдината ,,Исар”

Sase Ivanovski

По 150.000 евра требало да добијат соработниците на Палчо, планот бил да грабнат жена, ќерка на фармацевт

Sase Ivanovski

По 150.000 евра требало да добијат соработниците на Палчо, планот бил да грабнат жена, ќерка на фармацевт

Sase Ivanovski

Посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски ќе биде промовиран во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Sase Ivanovski

Велешанец пронајден мртов во неговиот двор со траги од крв на главата

Sase Ivanovski

Рокас: Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија

Sase Ivanovski
Вчитувам....