„Беа споменати многу работи и констатирани состојби, но некако никаде не слушнавме што е суштината на целата оваа состојба. Прво велите дека поставеноста на власта е во рамки на Законодавна, Извршна и Судска и тука ќе се согласиме сите, тука апсолутно немаме никаква дилема. На самиот крај од вашиот говор, пак велите зошто ги разрешувате само пет луѓе од Судски совет, а притоа свесни сте дека Собранието е тоа коешто ги избира тие пет лица на коишто се бара нивно разрешување“, прецизираше во своето излагање портпаролката на Влада и член на Извршен комитет, Марија Митева во вечерашното гостување во дебатната емисија „Објектив“ на МРТ осврнувајќи се на работата на Судски совет.
Митева во својот говор објасни дека соговорникот од опозициската СДС, нема конзистентност во својот говор. Имено, таа објасни дека опозицијата не превземала дејствија за да ја реши состојбата во правосудството, иако граѓаните имале ниска доверба во истото.
„Што значи, доколку барате сега од претседателот на Владата да бара разрешување на целиот Судски совет, тогаш вие сте тие коишто предлагате како политичка партија власта да се меша во работата на Судската власт. Така што, немате конзистентност во говорот од самиот почеток до крајот. Дополнително, морам да констатирам дека тезата којашто ја користите во рамки на тоа како е поделена власта е само уште еден аргумент којшто го потврдувате годините наназад додека ја практициравте власта, и некако тоа го гледавте како аргумент за да не превземете дејствија со коишто ќе се справите со ниската доверба којашто ја имаат граѓаните во правосудството, затоа што ценам дека на вас и на вашата политичка партија таквата состојба ви одговараше во правосудниот систем во целина“ , децидна е Митева. Митева додаде дека дека Владата даде шанса на членовите на Судскиот совет со цел да го превземат и спроведат правото онака како што е напишано во самите закони по коишто треба да постапуваат.
„Е сега, која е разликата? Ние имаме велите осум месеци, за овие осум месеци ги слушавте изјавите и на Претседателот Мицкоски и на претставници од ВМРО-ДПМНЕ во коишто велевме не сме ние како Социјалдемократскиот сојуз, нема со една одлука на владина седница да разрешиме се веднаш што било поставено од Социјалдемократски сојуз. Нешто што вие далечната 2017 година го направивте со една одлука на влада. И велевме, да дадеме шанса на тие луѓе, да видиме како ќе работат, да ги мотивираме, да ги охрабриме да го превземат правото онака како што е напишано во самите закони по коишто тие треба да постапуваат“ , додаде Митева. Митева објасни дека ветувањата од предизборитето што ВМРО-ДПМНЕ ги даде на граѓаните мора да се реализираат, додавајќи дека решителноста за работа по закон од страна на Владата не треба да се перцепира како вршење на притисок во Судскиот совет.
„Ние континуирано во овие осум месеци гледаме работење спротивно на истото. Ние излеговме пред граѓаните на избори пред само осум-девет месеци, ние дававме ветувања почитуван пратеник Милевски. Мора да постапиме пред тоа што сме го ветувале. И не можам да се согласам дека една ваква желба за работење во согласност со закон некој ќе ја смета за притисок или влагање во работата на Извршната во Судската власт. Комплетно не се согласувам, комплетно сметам дека граѓаните тоа го очекуваат од работата на Влада. Самиот велите дека таму има во Оценската мисија препораки коишто се вкупно 40, а 17 се обврска на Судски совет. Можете да ми кажете колку од тие Судскиот совет има исполнето? Јас бев пратеник во Собрание кога го гледав извештајот на Судски совет, немаше ниту една од тие наведени во Извештајот дека тие ја испочитувале и исполниле. Дали тоа е доволен показател дека тој Судски совет не постапува по препораките“ , заклучува Митева.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ