8.8 C
Скопје
01/04/2025 06:55
МАКТЕЛ

    

Митовите на македонскиот менталитет

      

Несреќата во Кочани не е судбина, туку резултат на несовесноста и корумпираноста на државните инстутиции и на одговорните во нив. Пишува Кица Колбе. Со поимот менталитет се означува карактеристичниот начин на однесување и мислење на една  група, заедница  или народ, кој поединците го прифаќаат преку колективната меморија, но и како резултат на социјализацијата. За разлика од науката и писменоста, кои ги учиме во школите, менталитот го „учиме”  несвесно, со тоа што децата ги прифаќаат начините на мислење, чувствување и однесување најнапред во фамилијата, а потоа и во пошироката околина. Менталитетот е  слика за себе, светоглед и начин на постапување. Овие нешта се повлијаени и од несвесно прифатените „митови” за   нас во светот – во минатото и во сегашноста. Тие се во нашето мислење силна „подземна река”, зашто често не сме свесни дека поради нејзиното влијание, на настаните и на состојбите реагираме постојано на еден ист начин.

За да ја запознаеме погубната „матрица” која ја повторуваме во нашето однесување, мора да  ги препознаеме „митовите” со кои таа се храни. Тие се често производ на ненадминато историско искуство на порази. Наместо на поразите да им се пристапи критично-аналитички, па од тоа сознание да се направи нова стратегија и да се промени досегашното однесување, во македонското себедоживување поразите обично се архаизираат во предисторски мит. Историјата во светогледот на просечниот Македонец повеќе е судбина, а помалку поле за акција. Што значи, митовите сугерираат пасивност и немоќ, а не самодоверба и прагматичност. Нема промена на менталитетот без самокритика и без критика на митовите на македонскиот менталитет.

Македонските „црнила“ и „пирејствување”

   

Македонските „црнила“ – интересно е што оваа слика, како урнек на самоперцепцијата на Македонците, беше создадена преку образованието во Југославија, кога драмата „Црнила“од Коле Чашуле беше задолжителна лектира. Таа ја потврдуваше трагичната слика за времето на револуционерните борби за самостојност на Македонија во деветнаесеттиот и дваесеттиот век, која беше дел од националниот наратив. Дури денес ми станува јасно дека сликата за историјата како „македонски црнила“ е толку митолошка, што е многу тешко од неа да се изгради реалистична слика, а само од конкретна слика може да се извлече поука и да се промени светогледот. Очигледно овој мит е уште во мода, односно, кога треба, тој уште се вади од  заедничкиот „куфер со митови“, затоа што само неколку дена по несреќата во Кочани, на социјалните мрежи почна да се шири една  мисла на Коле Чашуле: „Како само за нас, Македонците, да се создадени сите црнила на овој век?“ Иако драмата „Црнила” раскажува за меѓусебните предавства и убиства на македонските борци за слобода на почетокот на дваесеттиот век, митолошката слика за „црнилата” сугерира дека Македонците отсекогаш се жртва на некоја зла судбина или космичка неправда. Притоа, меѓусебните убиства меѓу македонските револуционери не се ниту судбина ниту космичка неправда. Тие биле резултат на една конкретна политичка констелација, која е секогаш социјален факт и зависи од постапките на конкретни луѓе.

Таа склоност на Македонците, од поразите во минатото да прават мит, е една од причините за македонскиот дефетизам. Покомотно е да се увериме дека сме жртва на историјата, сфатена  како судбина, затоа што тогаш не можеме да правиме ништо и не мораме да понесеме одговорност, односно, да бараме одговорност од надлежните. Несреќата во Кочани, на пример, не е судбина, туку резултат на несовесноста и корумпираноста на државните инстутиции и на одговорните во нив. Другите народи, кога се соочени со порази и несреќи, обично се обединуваат, Македонците токму тогаш се разединуваат партиско-идеолошки и запаѓаат во пасивен дефетизам, а тој сугерира немоќ и самочувство на жртва, што е погубно и за поединците и за заедницата.

Другите народи, кога се соочени со порази и несреќи, обично се обединуваат, Македонците токму тогаш се разединуваат партиско-идеолошки
Другите народи, кога се соочени со порази и несреќи, обично се обединуваат, Македонците токму тогаш се разединуваат партиско-идеолошкиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Постоење како „пирејствување” –  „Пиреј” е култен македонски мит и за луѓе кои го прочитале и за луѓе кои никогаш не го прочитале истоимениот роман на Петре М. Андреевски. За него Македонците се „племето пиреј кое не го ништи ни една војска.” Метафората на Андреевски за Македонците како пиреј сигурно е применлива за обичните луѓе во минатото, кои биле асимилирани од соседните национални идеологии и гинеле како војници во туѓи војски, затоа што немале своја држава.Во романот тоа го опишува војводата кога вели дека „за држава треба цар, даскали, доктори, писари,(…) а ти имаш само болви и болвосерки. Македонија е само едно големо буниште…“ Во „буништето“ навистина може да вирее само „пиреј“, што е троскотна трева. Но зошто кога Македонците  имаат своја држава, тие и во неа уште  „пирејствуваат“, уште „пркосат“  на светот, уште се мразат едни со други, уште не се солидарни? Митот за Македонците  како „пиреј“ денес е ретрограден.Тој е знак за недостиг на самодоверба. Македонците денес ги имаат сите претпоставки за „саглам” држава, кои ги наведува војводата. Зошто тогаш  Македонците уште уживаат да се доживуваат како троскотна трева? „Пиреј“, троскот кој вирее без солидарност со другиот, денес е само знак за македонскиот менталитет, за  алчноста, за инаетот, за омразата во обичниот живот и во политиката. „Пирејствување“ во сопствената држава е знак  за самоволие, непочитување на редот и законите, ползување врски и протекции, поткуп и сервилност кон моќните – само за да се преживее! Како троскотот „пиреј“, кој преживува, ама останува закоравен во земјата и не се надраснува себеси и не цути со раскошни цветови. Крајно време е особено македонските политичари да го преиспитаат своето „пирејствување“ и пред светот, како претставници на државата која одамна не функционира. Неопходна е мудра, а не пркосна политика.

Сите за себе се „аги и бегови”

„Библиска Македонија“ – овој мит е  дете“ на транзицијата, на промената на свеста по распаѓањето на Југославија, во која  Библијата не беше најчитаната книга, па никој не знаеше колку пати во неа било споменато името Македонија. Фактот дека македонската самостојна држава   е млада држава,  други народи би ги исполнило со оптимизам, со солидарност и со чувство за заедништво. Македонците, од страв пред тежината на задачите на тој пат, брзо си создадоа мит за „библиска Македонија“, небаре тоа требаше да биде „тапијата“ пред светот дека  се  „стар народ“, дека отсекогаш, дури и во „библиско време“, имале своја држава. Само поради фактот што во Евангелието, во мисијата на апостол Павле, се споменува дека тој од Светиот Дух бил испратен во Македонија, зашто во сон му се јавил Македонец и побарал помош, денешните Македонци изградија мит за „библиска Македонија“. Притоа, малкумина знаат дека помошта која  тој Македонец  ја побарал од апостол Павле била да дојде во Македонија за да го проповеда Евангелието во во борбата  против старите пагански култови, најверојатно против почитувањето на сонцето. Вистинското сонце е Христос и на тоа ги научил апостол Павле тогашните римски граѓани во Македонија, кршевајќи ги. Тој култ на сонцето, кој за христијаните е паганштина, денешните Македонци го слават  како божемен „најавтентичен“ македонски симбол, во исто време кога, доколку се христијани,  се крстат во Христа. Во митот за „библиска Македонија“ се злоупотребува Библијата за да се одбрани еден паганскиот симбол  и еден новокомпониран мит. Притоа, ниту Македонецот од сонот на апостол Павле не  е идентичен со нас, денешните Македонци. Затоа што тој бил Римјанин, како што и таа Македонија, во која допатувал да мисионира апостол Павле, била римска колонија. Целта на негиовата мисија  била Рим, а низ Македонија тој само пропатувал. Во социјализмот, Македонците во тогашната митолошка слика  за себе беа само народот што имаше  „македонски дел од пеколот“, а во самостојната држава одеднаш станаа „библиски“ избран народ. И двата мита се штетни за македонската самосвест.

Од психологијата знаеме дека тоа со што се идентификуваме, влијае на нашиот карактер и на нашето однесување. Нели е крајно време како Македонци да се ослободиме од митолошката слика за светот, да пораснеме и да се однесуваме како возрасни, одговорни луѓе, а не како деца на кои им требаат бајки и митови, затоа што тие  уште не се способни да го разберат светот? Народот што има реалистична слика за себе и за својата држава, не бега во митологија, туку се заложува за одговорност и професионалност во извршувањето на должноста на секој поединец. Горан Стефановски велеше дека проблемот на Македонците денес е тоа што сите за себе се „аги и бегови”. Сите сакаат да владеат, да наредуваат и да се богатат, ако може, најдобро без работа.

  

Најново

ОВОЈ ХОТЕЛ БЕШЕ НАЈЛУКСУЗНИОТ ВО ЕВРОПА: Еве колку пари вложи Тито во него

Sase Ivanovski

Видео: По неколку дена молк Додик објави дека е во Москва

Sase Ivanovski

Неуспешна амбиција: Најголемиот стадион во светот со години е празен, изграден за инает на непријателот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Фурнаџија од Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за 500 деца

Sase Ivanovski

Се преврте автомобил на патот кон Маврово

Sase Ivanovski

Уапсени двајца високи советници на Нетанјаху, и самиот израелски премиер бил на службен разговор

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пороен дожд го поплави Миконос, водата носеше сè пред себе

Sase Ivanovski

Дали некогаш сте се запрашале кои проекти во историјата чинат најмногу?

Sase Ivanovski

Одбележана 34. годишнината од акцијата “Плитвица”, позната како Крвав Велигден

Sase Ivanovski

Обид за силување на 22 годишна девојка во Липково

Sase Ivanovski

Симоновски: Хидрантската мрежа за нас е најважна во урбаните пожари. Ако дојдеме во Дебар Маало и точно знаеме каде се подземните хидранти на ЈП „Водовод и канализација“, лесно е побргу да интервенираме во целата ситуација

Sase Ivanovski

360 degrees season 11, show 50 Граѓаните мислат дека ВЛЕН има слаба позиција во Владата – интервју

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 49 Свети ВМРО, Свети СДСМ и Свети ДУИ…

Sase Ivanovski

Д-р Андоновски: Државен Центар за изгореници Македонија мора да има и тоа е прашаење кое јас и моите колеги го покренувавме со години наназад

Sase Ivanovski

Во пожарот во дискотеката во Кочани животот го загуби и храбриот Андреј Стојанов, кој загина спасувајќи други луѓе

Sase Ivanovski

OpenAI го затвори кругот на финансирање од рекордни 40 милијарди долари, вреднувајќи ја компанијата на 300 милијарди долари. SoftBank води со инвестиција од 30 милијарди долари, заедно со Microsoft и други поддржувачи

Sase Ivanovski

Саем на сувомесни производи “Пршутијада” – Традиционална манифестација која секоја година се одржува во златиборското село Мачкат

Sase Ivanovski

Шпанците имаат најмногу барови по глава на жител во светот и пешачат најмногу на свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од Мјанмар: луѓе заробени под урнатините очајно бараат помош

Sase Ivanovski

Путин потпиша декрет: Пролетна кампања за регрутирање – 160.000 млади луѓе мора да се приклучат на армијата

Sase Ivanovski

ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот!

Sase Ivanovski

Уапсениот во Велес за оддавање службена тајна е член на обезбедувањето на Мицкоски

Sase Ivanovski

Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна

Sase Ivanovski

ФФМ отвора дисциплинска постапка против Шкендија поради недолично однесување на навивачите!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?

Sase Ivanovski

Министерство за ватрешни работи: Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и непочитувањето изразено на фудбалскиот натпревар во Тетово

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица

Sase Ivanovski

Прекинат натпреварот Куманово-Чаир, автобусот заврши со националистички пораки

Sase Ivanovski

ТРАМП ГО НАРЕКУВА „ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО“, ЕУ ВЕЛИ – ГУБИТНИЦИ НА СИТЕ СТРАНИ Европската централна банка предвидува пад на БДП во еврозоната

Sase Ivanovski

НАФТОВОД ОД 113 КИЛОМЕТРИ ЌЕ ГИ СПОЈУВА СРБИЈА И УНГАРИЈА Проектот ќе ја засили енергетската безбедност на Белград

Sase Ivanovski

ТИРЗ СО СИЛЕН СКОК НА ИНТЕГРИТЕТОТ, СЕ НАЈДЕ НА 15 МЕСТО ОД ВКУПНО 50 ИНСТИТУЦИИ Препознаена е меѓу најдобрите институции во борбата против корупција

Sase Ivanovski

ЗАСЕГА НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАДЕНИ НЕБЕЗБЕДНИ СУПИ Агенцијата за храна и ветеринарство будно ја следи состојбата со производите на „Маги“

Sase Ivanovski

Методија Анѓелкоски: Почит, протест или нешто трето

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ ТОМПСОН ГО СРУШИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД Продадени се над 280.000 билети за неговиот концерт, за помалку од 24 часа

Sase Ivanovski

ПУТИН ОСТАНУВА ОТВОРЕН ЗА КАКОВ БИЛО КОНТАКТ СО ТРАМП Песков вели дека засега не е планиран разговор меѓу двајцата лидери

Sase Ivanovski

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Sase Ivanovski

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Sase Ivanovski

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Sase Ivanovski

НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД – стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“

Sase Ivanovski

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ – Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Sase Ivanovski

Подмолниот шпионски софтвер „Пегасус“ за малку не им бил инсталиран на двајца српски новинари на БИРН

Sase Ivanovski

ССМ: На 2 април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите со дронови го нападнаа Харков: Погодени трговски центар, станбени згради и болница, има загинати и многу повредени

Sase Ivanovski

Жена нападнала жена во Струмица, во сообраќајна кавга

Sase Ivanovski

Возач од Македонска Каменица со комбе удрил во кола и сакал да избега

Sase Ivanovski

Се „крчка“ Анкетна комисија во Собранието – најверојатно ќе вклучи и други несреќи а не само најновата во кочански „Пулс“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скандал во Тетово: Навивачите на Шкендија во текот на минутата молк пееја песна за УЧК

Sase Ivanovski

Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Sase Ivanovski

Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Sase Ivanovski

Погледнете како изгледале Гpyевски и бpaтyчедите во основно училиште

Sase Ivanovski

Денко Малески: Понижувачко повлекување или нуклеарна војна

Sase Ivanovski

Сијарто побара од Украина да не ги напаѓа руските енергетски капацитети

Sase Ivanovski

Европските берзи во пад, златото достигна нови височини

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илиевски: Андоновски да каже дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во Министерството

Sase Ivanovski

Марин Ле Пен осудена на четири години затвор за проневера на европски пари, доби забрана за кандидирање на претседателските избори

Sase Ivanovski

Починат маж пронајден во автомобил во Радишани

Sase Ivanovski

Откриени дилери на марихуана и амфетамин: дрогата ја криеле во бункери во Бутел, обвинителството поведена истрага

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски сака да се извлече од договорот, но ќе има големи проблеми

Sase Ivanovski

Се нижат реакции по пресудата на Марин Ле Пен: Погубена е француската демократија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАВИВАЧИТЕ НА ШКЕНДИЈА ПОПУЛАРНИТЕ “БАЛИСТИ” ДОДЕКА ИМАШЕ МИНУТА МОЛК – НЕ САМО ШТО НАВИВАА, ТУКУ ИМАШЕ И СВИРЕЖИ

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Подгответе се за бременоста со стручна поддршка од Центарот за мајка и бебе!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Наследен ризик за развој на рак? Генетскиот тест може да го открие!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Честит Рамазан Бајрам!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Изборот помеѓу дентални импланти и дентални мостови зависи од неколку фактори, како што се здравјето на твоите заби, желбата за долговечност на решението и секако, твоите лични потреби.

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Ортодонтскиот третман не е само за тинејџери – сè повеќе возрасни се одлучуваат за исправување на забите и подобрување на нивниот изглед и здравје.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

Sase Ivanovski

СДСМ: Четири дена молк од Владата за екоцидот на Крива Река

Sase Ivanovski

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Методија Илиевски: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски до синдикалецот Пешевски: Зошто не ги објавите вашите примања, што криете? Каде бевте кога СДС ги покачуваше даноците на храната?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Јамалов: Дали и други деца од неподмитливите Левица си инкасирале партиски пари?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петкоска: За што и од каде му се земени на неподмитливиот Крмов 5,000 евра?

Sase Ivanovski
Вчитувам....