Тој говори за деновите кога е најпопуларен радио водител во Македонија, но и кога успева да се наметне како најпосакуваниот диџеј во скопските дискотеки.Костиќ дава и мошне стручна оцена на музиката што некогаш се создаваше на нашите простори, правејќи компарација со ситуацијата на музичката сцена денес.
– Денешните генерации исто така не можат да сфатат дека Југославија во тие 80-ти години беше трета музичка сила во Еворпа. По Италија и Англија, Германци беа со шлагер и со таквиот вкус што го имаат, беа зад југословенската сцена. Бројот, не попусто, во големите списанија како „Мјузикал експрес“ и „Мелоди мејкер“ беа одвојувани по неколку страници за југословенската сцена. Значи, таа и на нив им беше чудо – вели Костиќ.