Во најновото продолжение од „Митови и факти“, Димитар Николовски открива кој е Доналд Трамп, како и кои тоа луѓе му овозможија на американскиот претседател да дојде до вториот мандат.
Димитар Николовски e извршен директор на Евротинк – Центар за европски стратегии. Претходно тој работел како постојан истражувач при Институтот за напредни студи во Кисег, Унгарија. Тој е исто така докторанд на Високата школа за општествени истражувања при Полската академија на науките во Варшава, Полска, каде ги истражува односите помеѓу популизмот и граѓанското општество во Југоисточна Европа. Студирал политички науки на Правниот факултет во Скопје (додипломски), Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (постдипломски) и универзитетите во Сараево и Болоња (постдипломски). Неговото работно искуство вклучува и истражувачка дејност во неколку тинк-тенк организации во Македонија и Босна и Херцеговина.
Во „Митови и факти“ тој говори за кадровските и политичките решенија на Доналд Трамп и неговата визија за Соединетите Американски Држави. Николовски мошне прецизно објаснува за тоа на кој дел од Америка Трамп е претседател и на кои луѓе тој им се обраќа од говорницата.