Зад барањето поткуп од 20 илјади евра за да биде хоспитализирана 42-годишна неподвижна пациентка на Клиниката за геријатрија, стоел многу посуров уценувачки план кој беше разбиен во координирана акција на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал.
Дваесетте илјади евра примен поткуп за хоспитализацијата на неподвижната пациентка всушност биле само „капар“ додека да се „средат“ нејзините имотно правни односи, па крајно баран бил нејзиниот стан, дознава „Слободен печат“. За две лица е побаран притвор, затоа што се осомничени за ова изнудување кое траело со недели. Иако пациентката ги исполнувала сите услови да биде хоспитализирана и иако за тоа имала упат од друга болница, хоспитализацијата не била дозволувана без да се обезбеди нечесниот срамен „профит“. Таа конечно вчера, била испишана од Клиниката за неврологија и пренесена во Геријатрија, а отпосле се случило примањето на парите.