29.8 C
Скопје
13/06/2025 16:06
МАКТЕЛ

   

Мито, негрижа, фалсификати и среброљубие: За пожарот во „Пулс“ обвинети 34 физички лица и 3 фирми

      

Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и 3 правни лица за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 62 лица а околу 200 беа повредени на 16 март годинава.

Обвинети се сопственикот на дискотеката, неговиот брат, сопственикот на објектот што бил престорен од магацин во кабаре без никакви технички услови,  архитектката што изготвила документи за да се добие лажна лиценца од Министерството за економија, поранешни градоначалници и инспектори што замижувале пред постоењето на овој објект, обезбедувачи од агенцијата „Рубикон“ и државни функционери како министри – сите на свој начин одговорни за најголемата трагедија во поновата македонска историја која го зави Кочани во црно.
Прес-конференција за пожарот во Кочани / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

За 11 лица е запрена постапката и поради немање докази за нив нема обвинение. Меѓу нив е поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и двајца поранешни министри за економија Дритон Кучи и Беким Незири. За членот на ДНК Владимир Блажев-Панчо постапката е прекината додека е на лекување, а запрена е постапката и за Александар Карадаковски управител на фирмата кој почина на лекување во Литванија.

   

Во клубот со години, уште од 2012 се функционирало без минимално техничките услови за вршење угостителска дејност, вршени биле реконструкции и пренамени без елаборати меѓу кои и тој за заштита од пожари. Газдата на фирмата што управувала со „Пулс“ ја реновирал дискотеката во повеќе наврати, обложувајќи ја со пур-пена што лесно вивнува во пламен, имало само 1 излез за евакуација, немало соодветен број паркинг-места а не биле испочитувани ни стандардите за заштита од пожари и експлозии и противпожарна опрема и противпожарни апарати.

Прес-конференција за пожарот во Кочани / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Обвинет е и братот на првообвинетиот, како одговорно лице за продажба на влезници и контролирање на бројот на посетители и нивната возраст, бидејќи континуирано продавал поголем број  влезници и ја преполнувал дискотеката. Според обвинението тој пропуштал и малолетници иако бил свесен дека објектот не исполнува никакви безбедносни  услови за заштита од пожари и знаел за незаконските дејствија на реконструкција со пренамена со кои биле прекршени прописите и техничките правила за заштита.

Обвинета е сопственичка на кочанска фирма што му изготвила проект на газдата за пренамена на објектот а во кој немало задолжителни елаборати. Во 2023 година, истиот тој проект таа пак му го дала со датум од 2023 година небаре е нов, за да може газдата со фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ Кочани да аплицира за лиценца. Со тие документи сопственикот на кабарето одел кај службеник во Министерството за економија и двапати, во две различни години му платил мито. Во 2019 платил 12 илјади денари на трансакциска сметка за лиценцата, а митото во 2024 година многукратно пораснало – на 226 илјади денари. Поткупот бил за да му изработи две фејк-лиценци на газдата на „Пулс“ и ги заверил со службен печат на Министерството за економија, а ставил и свој потпис под името на државна секретарка, обидувајќи се да имитира нејзин потпис.
Прес-конференција за пожарот во Кочани / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Обвинети се и тројца градежни инспектори од Кочани што не постапувале по службена должност воопшто и никогаш во „Пулс“ не контролирале со што овозможиле незаконито да продолжи да врши дејност „кабаре“. Тројца градоначалници на Кочани од 2012 до 2025 се обвинети зашто знаеле дека „Пулс“ е безбедносно опасен објект, а според деталниот урбанистички план не се наоѓа на локација каде што смее да има кабаре, но замижувале пред тие сознанија. Обвинети се дека со своето непостапување му овозможиле на сопственикот и на правното лице незаконски да вршат угостителска дејност. Никогаш на газдата на објектот не му испратиле градежен инспектор, иако знаеле дека објектот е место каде што се собираат поголем број посетители и постоела опасност по нивните  животи и здравје. За постоењето и работењето „Пулс“ градоначалниците  никогаш не ги известиле Дирекцијата заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија дека објектот работи без да ги исполнува законските услови за таа намена.

Прес-конференција за пожарот во Кочани / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Обвинение има и за управителот на агенијата за обезбедување „Рубикон“ и четворица обезбедувачи од кои едниот немал ни лиценца да врши физичко обезбедување. Против реалниот сопственик Александар Нацев се води истрага. Обвинети се зашто во „Пулс“ обезбедувале без писмен договор, без безбедносна проценка и проверка на сигурносните услови на објектот, опасност и можност за евакуација во случај на опасност, проверка на влезови и излези и нивна исправност, како и преполнетост на капацитет на посетители на објектот.

Сите овие услови наложувале агенцијата задолжително да изготви План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и да ангажира повеќе работници на обезбедување,  а таков план не бил изготвен и доставен на одобрување  до надлежен орган на подрачјето  каде се одржува настанот. На критичниот ден не контролирале и овозможиле влез и присуство на малолетни лица во објектот по полноќ, а исто така не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материи- пиротехнички средства од страна на членови на музичката група ДНК со кои бил предизвикан пожарот, соопшто ОЈО.

ОЈО / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 2012 до 16.03.2025 година, како и едно службено лице генерален инспектор кој за целиот тој временски период бил раководител на инспекциската служба во ДЗС, заеднички со особен придонес  во извршување на делото, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување и не преземале мерки и активности за заштита на животите и имотот на луѓето од пожари, предвидени во чл.68 од Закон за заштита и спасување.

Обвинетите пет државни службеници, еден државен секретар и двајца министри зашто во континуитет издавале лиценци за вршење угостителска дејност – Кабаре на објектот – „Кабаре ПУЛС“ во Кочани игнорирајќи ги пропишаните минимално-технички услови од Законот за угостителска дејност. Во состојба на нецелосна документација за издавање на лиценца воопшто не постапиле согласно чл.24 ст.1 од Правилникот за внатрешна организација и работа на Министерството за економија и не иницирале вршење на вонреден инспекциски надзор до Државниот пазарен инспекторат за проверка на минимално техничките услови. Во обвинението детално се наведени пропустите кај секоја од лиценците поединечно.

Во однос на Државниот пазарен инспекторат со обвинението се опфатени четири службени лица – инспектори од Одделението за инспекциски надзор – Штип со градовите Кочани, Свети Николе, Делчево, Берово и Виница. Тие воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита пропишани со Законот за инспекциски надзор, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за државен пазарен инспекторат, како и  Законот за угостителската дејност, како и Правилникот за минимално – техничките услови за вршење на угостителската дејност, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, но се согласиле со нејзиното настапување.

Сите овие дејствија, и на извршување и на свесно пропуштање на правна обврска се нераскинливи и се надоврзувале едно на друго директно кон последицата, и свесното игнорирање на безбедносните процедури од многу поединци и институции придонеле за исклучително тешките последици и неможноста да се спречи трагедијата и на време да се спасат 62 млади животи. Секоја од овие алки имала моќ и законски надлежности да ја спречи трагедијата или да го намали потенцијалот на истата во однос на загубата на животи, но никој тоа не го направил.

Како резултат на севкупноста на пропустите на сите обвинети, на критичната вечер,  на устно договорен настап без формално потпишан договор со музичката група ДНК, заради сценските ефекти при настапот била договорена и употреба на пиротехнички средства.  Во клубот се пропуштале посетители помеѓу кои и деца со што бил надминат дозволениот број посетители.

Јавните обвинители го утврдија потеклото, начинот на внес, поставување и активирање на три пиросценски уреди (пиротехнички фонтани) на три базни уреди со телескопска антена кои се активирале истовремено. Експлозивната материја била набавена без одобрение за набавка предвидено во чл.15 ст.2 од Законот за промет на експлозивни материи и спротивно на чл.36 ст.2 и чл.40 од Законот за заштита од експлозивни материи. За употребата на пиротехниката, покрај дел од членовите и придружбата на ДНК, од кои еден дел се починати, а за еден постапката е прекината поради неговата се уште лоша здравствена состојба, одговорност е лоцирана и кај првообвинетиот сопственик, неговиот син – управител на фирмата и кај четворица членови на обезбедувањето на клубот.

Пиротехничките средства биле употребени во целосно небезбедни и опасни услови за преземање на таквото дејствие кои произлегле од вкупните пропусти на службените и одговорните лица за наведениот објект – кој целокупниот период континуирано воопшто не ги исполнувал законски услови за вршење на угостителска дејност. Фонтаните исфрлале искри во правец на плафонот над сцената и како резултат на тоа започнало прогресивно опожарување на полиуретанскиот сунгер со кој бил обложен плафонот во објектот по кој веднаш пожарот се проширил по должината на целиот плафон, а потоа и низ целата внатрешност и конструкција на објектот. Поради вградените материјали во објектот кои биле без огноотпорни својства и небезбедните конструктивни зафати почнал стихијно да се шири отворен оган проследен со чад и висока температура во внатрешноста на објектот поради што помеѓу присутните посетители настанало  масовно, некотролирано и панично бегање преку единствениот излез за евакуација, кој не бил безбеден затоа што на патот за евакуација во прсвец на напуштање на објектот од внатре кон надвор имало двокрилна двонасочна врата која претставувала пречка за движењето. Самата надворешна врата немала евакуациона намена со систем за кочење во отворена положба и хоризонтален ракофат со пропишани димензии и заради што  дополнително била отежната евакуацијата. Поради целосното непочитување на безбедносните правила за заштита од пожар, преполнетоста на објектот со постители, настанало масовно туркање и паѓање на посетителите во ходникот со што напуштањето на објектот било целосно попречено и биле предизвикани тешките последици.

Бидејќи единствената последица која ги врзува сите овие кривично-правни дејствија е катастрофалниот пожар, во кој животите ги загубија 62 лица, меѓу кои и шест деца, на сите обвинети им се ставаат на товар – Тешки дела против општата сигурност од чл.292 ст.2 в.в. со чл.288 ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик.

Дополнително, двајцата првообвинети, татко и син ќе одговараат и за – Тешки дела против општата сигурност. Само поранешната државна секретарка во Министерството за економија е обвинета за – Тешки дела против општата сигурност од чл.292 ст.4 в.в чл.288 ст.4 в.в ст.3 и в.в ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетиот државен службеник од Министерството за економија кај кого беа откриени и дејствија на поткуп, ќе одговара и за едно кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 ст.1, едно кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.4 в.в. со ст.1 и едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од чл. 361 ст.1 од Кривичниот законик. За обвинетите правни лица поднесено е обвинение за кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.5 в.в ст.3 в.в ст.2 од Кривичниот законик.

   

Најново

Трагедија во Грција: Потврдена мозочна смрт кај две деца што паднаа во реката Арахтос

Sase Ivanovski

Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри

Sase Ivanovski

За невладиниот сектор високиот праг е акт на страв

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Ако ми е мене редот, не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Борче Јовчевски им го направи кошмар животот на Прилепчани

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?

Sase Ivanovski

Џамбаски повторно бара вето: „Срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија

Sase Ivanovski

РСЕ: Влегува ли Македонија во игра за депортација на мигранти од САД?!

Sase Ivanovski

Силјановска Николиќ: Вишиот управен суд потврди картел на веледрогериите АД Д-р Пановски и Фарма Трејд, следува институционална координација

Sase Ivanovski

Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Sase Ivanovski

За фалсификатот лиценци за „Пулс“, државен службеник побарал и зел 226.000 денари од сопственикот

Sase Ivanovski

Беким Незири и Дритон Кучи се министрите за кои е запрена постапката за Кочани

Sase Ivanovski

(ИНТЕГРАЛНО) Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност

Sase Ivanovski

Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка Пролет

Sase Ivanovski

Кина ги предупреди своите граѓани во Иран и Израел за потенцијални напади

Sase Ivanovski

Херцог повторно со религиска реторика ги правда нападите: Израел има исконско право и света должност да се брани

Sase Ivanovski

Муцунски: Нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, не смееме да дозволиме да бидеме понижени

Sase Ivanovski

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Sase Ivanovski

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија

Sase Ivanovski

Меџити: Блокирани вкупно 226 страници за онлајн коцкање

Sase Ivanovski

Ќе се обновуваат дел од сервисните улици на булевар Јане Сандански

Sase Ivanovski

УЈП: Угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Sase Ivanovski

Две трансплатации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Sase Ivanovski

Пијан радовишанец со мопед удрил во деветгодишно девојче

Sase Ivanovski

Ваучерите за образование на возрасни се успешна алатка за зголемување на конкурентноста

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта – од утре прво електронско пријавување во јуни

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Исчезнат е штипјанецот Владимир, семејството со апел до граѓаните за каква било информација

Sase Ivanovski

Пазарџиите немаат дерман од „лепливите прсти“ на муштериите, бадем и маслинка за проба, овошка в џеб и отиде дневниот пазар

Sase Ivanovski

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Македонија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри Законот за Судски совет во собраниска процедура до крајот на овој месец Ќе застане на сцената во Грузија: Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена. Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу двете влади, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028. Меморандумот, како што соопштија од МНР, ќе биде потпишан од министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Британскиот кредит и инфлацијата: Владата ветила 139 мерки за подобар живот – реализирала 18

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Пентагон подготвен за евентуална инвазија на Гренланд, потврди Хегсет во Конгресот

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

Грузиски активист осуден на четири и пол години затвор по учество во проевропски протест

Sase Ivanovski

Мицковски – На Сиљановска и е редот да оди во Хаг,јас бев во Вашингтон. Бугарија прави егзибиции наместо Радев го праќа Жељазков и средбата „виси“

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава која ја поднесовме против Мицкоски

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг би се сретнала и со Желјазков ако има таква подготвеност од негова страна, велат од нејзиниот кабинет

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови

Sase Ivanovski

Рубио: Немаме никаква врска со нападот, Израел презеде еднострани дејствија

Sase Ivanovski

Еве кои се досега осомничени за трагедијата во Кочани – Што ќе соопшти денес Коцевски?!

Sase Ivanovski

„Не знам како сум жив“ – шокантна исповед на единствениот патник кој ја преживеа несреќата на Боингот 787 во Индија

Sase Ivanovski

Осудениот Љупчо Ѓоргиевски: Со гордост ја носиме „дипломата“ дека сме ванчомихајловисти

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност

Sase Ivanovski

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран

Sase Ivanovski

Израел изврши напади врз Иран – хронологија на војната

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

МВР: Бројот 192 не е во функција поради технички причини

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Sase Ivanovski

Писториус: Германија нема да и испорача на Украина ракети Таурус

Sase Ivanovski

Вучиќ им рече на блокадерите: Побрзајте со радикализацијата, па да видиме до каде ќе стигнете

Sase Ivanovski

Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид – Св. Наум, најави Владата

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

Израел го нападна Иран – цел на нападот се нуклеарни постојки, погодени се и цивилни објекти

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полициски службеник за безобѕирно управување со моторно возило

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, во Кочани уапсени 13 лица

Sase Ivanovski

„Рајанер“ воведува строги казни за нељубезните патници

Sase Ivanovski

Некој фрлил камен од надвозникот на скопската обиколница кај Стајковци, возач од Косово е повреден

Sase Ivanovski

Огромно мнозинство држави во ООН со громогласен аплауз усвоија повик за итен прекин на огнот во Газа, Македонија воздржана

Sase Ivanovski

Инцидент меѓу цимери од Турција во Скопје – се степале, едниот извадил нож и го ограбил другиот

Sase Ivanovski

Уште летово сите службени автомобили ќе бидат обележани, вели Томовски

Sase Ivanovski

Тинејџер излетал од пат со мопед во Гостиварско, повреден е и сопатникот

Sase Ivanovski

Ангел Димитров по седницата на Историската комисија: Атмосферата беше најдобра на ручекот

Sase Ivanovski

ГРОМ БАРА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ И ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА НА ЧЕЛО СО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Sase Ivanovski

„Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции

Sase Ivanovski

ФАРМА ТРЕЈД: Цените што се понудуваат во рамки на јавните набавки не се слободна комерцијална одлука, туку се строго регулирани

Sase Ivanovski

Напаѓачот во Грац го испланирал масакрот „до најмал детал“

Sase Ivanovski

Ќе се реконструира кочанската физикална, пациентите од „Пулс“ ќе се лекуваат во координација со штипската болница

Sase Ivanovski

Не помина предлогот на ЛДП за една изборна единица – ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот

Sase Ivanovski
Вчитувам....