Трајко Славески се има покажано како човек кој знае да се грижи за државните интереси и монетарната политика во наредниот период ќе биде во сигурни раце, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.Тој истакна дека не очекува опозицијата да го смени ставот и да гласа за неговиот избор за гувернер на Народната банка.
-Тие го дадоа својот коментар по однос на Трајко Славески кој е предложен за гувернер. Она што деновиве провејуваше низ јавноста, а можев да го видам од сите страни, тоа е дека никој не ја оспори квалификацијата и професионалниот интегритет на Славески. Јас сум убеден дека времето ќе ги дематира СДСМ- рече Мицевски.Изборот на гувернер на Народната банка денеска е пред пратениците во рамки на 52. седница.