Имавме разговори со председателката околу личноста за гувернер,тие разговори ќе ги продолжиме но рокот 21 мај да имаме избрано гувернер ќе го запазиме одговори на новинарско прашае Мицковски. Тој одбегна да каже кој е негов фаворит но потврди дека по рокот кога на сегашната гувернерка и истекува мандатот нема да сме имале празен простор туку ке има избрано гувернер. Во јавноста се шпекулира дека ВМРО ДПМНЕ размислува помеѓу Зоран Ставревски,Трајко Славевски и сегашната гувернерка Анита Бежовска. Мицковски се воздржа да ги коментира спомнатите кандидати иако јавна тајна е дека негов фаворит е бившиот министер за финансии Зоран Ставревски кој и сега му е советник во партијата и според партиски извори функционира како „министер за финансии во сенка“.
Ставревски секој ден со партиско возило од домот на Водно подолго време го носат во кабинетот во белата палата и од тука од сенка раководи со државните пари но има задача да ги контролира и буџетите на општините. Дали ќе биде Ставревски новиот гувернер зависи од него дали ќе прифати наводно поради здравствената состоба но и дека јавноста му ги памти бомбите од прислушкувањето во кое според тие што беа јавно објавени тој е еден од „звездите“ на скандалот со аудио бомбите со кои тогашната опозиција практично го сруши владеењето на Груевски.. Ставревски иако во бомбите се слушна за разговори за се и сешто особено со неговата блиска пријателка тогаш министер на МВР Гордана Јанкуловска на чуден начин за јавноста остана поштеден од кривичен прогон за разлика од Јанкуловска која одлежа и затворска казна.
Тивкиот екс министер Ставревски од бомбите речиси и да го нема во јавност и најверојатно доколку прифати Мицковски ке го рехабилитира и ке го врати на голема врата . Улогата дека и Трајко Славевски сегашниот председател на градскиот совет на Скопје според партиски извори е еден од кандидатите не е сериозна и наводно тој е спотерот во изборот на Ставревски. Шансите на сегашната гувернерка Бежовска да добие нов мандат биле речиси никакви имајќи предвид дека Мицковски сака свој човек од доверба и по негов избор да биде на моќната гувернерска функција.