Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам до сите граѓани од исламска вероисповед, посакувајќи им добро здравје, радост, среќа, мир и спокој во семејствата.
-Рамазан Бајрам е празник на солидарност и хуманост, кој ги учи богатите да се воздржат од личните удобвства и да не ги заборават сиромашните и сираците.Овој празник значи дека преку добри дела, заемно почитување, трпение и меѓусебно разбирање можеме да го победиме лошото. Заедно преку соработка, соживот, толеранција, вистински вредности и принципи ќе продолжиме да ја градиме заеднички Македонија во попросперитетна држава, пишува Мицкоски во честитката. Додава дека нивната заложба како Влада е да ги негуваат културата, традицијата, различностите, но пред се да реализираат проекти кои значат економски развој и напредок за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.
-Сите заедно мораме да го смениме системот кој предолго ги оставал граѓаните без правда, достоинство и еднакви можности. Таа одговорност ја носиме пред сите сегашни, но и пред идните поколенија, да изградиме општество на фер вредности, слободни луѓе и силни институции. Продолжуваме да ја градиме Македонија и заеднички да создаваме услови за сите, вели македонскиот премиер. Тој на сите граѓани од исламска вероисповед им посакува овие празнични денови да ги поминат во добро расположение, благосостојба и мир.