Премиерот Мицкоски изрази сомневање во раната дискусија за можен заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за градоначалник на Кочани, истакнувајќи дека трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е многу свежа и болна за локалната заедница.
– Не би влегувал во таков тип на политиканство, се уште раните од ужасната трагедија не се залечени, а ние сега да размислуваме за заеднички кандидат за Кочани. Тоа ќе предизвика дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски, Уште не се 40 дена поминати од тој настан., рече Мицкоски