Шверцерски закон кој што има за цел тие кои што се лојални и плаќаат даноци и обврски кон државата да плаќаат повеќе а да ги штити оние кои што не се лојални граѓани кон Македонија и кои онака до сега не ги плаќале своите обврски и даноците кон државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за солидарниот данок кој владата на СДС и ДУИ ќе го турка со европско знаменце.
Мицкоски рече дека владата на ДУИ поддржана од измеќарот СДС е мајка, а за други маќеа и тоа граѓаните го чувствуваат.
За едни оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот измеќар СДСМ е мајка, а за другите не е мајка, односно за едните има цел да ги штити, а за жал другите има цел да продолжи да ги угнетува. И за тоа сум убеден дека граѓаните го гледаат и го чувствуваат и јасно ќе зборуваат на следните избори кои што за неколку денови од денеска ќе се случат, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски посочи дека солидарниот данок е само дополнителен данок врз џебот на лојалните граѓани кои редовни ги исполнуваат обврските и плаќаат данок, на сметка на оние кои тоа не го прават, кажувајќи пример дека негов пријател на Пластичарска улица платил не само што не добил фискална сметка за купен производ, туку платил во евра.