Премиерот Христијан Мицкоски најави модернизација на вооружените сили, подлабока интеграција во НАТО стандардите, поголема безбедност на границите, спротиставување на шверцот, засилена соработката во образованието. Тој рече дека ова ќе дојде со новиот стратешки договор со Обединетото кралство. Тој најави дека партнерството со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус од 6 милијарди евра, кои ќе се употребат за инвестиции во инфрасткрутурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството, завршување на проектот на болницата во Штип заедно со студентскиот дом, изградба на болницата во Кичево, реконструкција на болницата во Тетово. Прашан како ќе дојдат средствата од 6 милијарди евра заем од Велика Британија тој рече дека работат на тие деталите.
„Не е се уште завршено, иако сме блиску до конечно решение. Репер ни се два параметри – грејс период и долг период на отоплата“, рече Мицкоски за кредитот што ке го земеме за тие инвестиции. Британскиот амбасадор Лосон, одговарајќи на новинарски прашања во врска со објавите во британски и македонски медиуми дека Македонија ќе треба да прифати мигранти, категорично ги отфрли таквите тврдења.
„Како дел од договорите, земјата се согласи да се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите. Но, тоа се однесува на соработка на полициските сили, справување со криминални банди и подобро споделување разузнавачки информации, што веќе се прави со неколку други европски земји. Сосема друга приказна е прифаќањето мигранти, не се работи за тоа. Сакам да бидам јасен во тој дел“, изјави Лосон Во однос на визната либерализација, амбасадорот Лосон истакна дека визите претставуваат „главоболка“ за британските бизниси и за граѓаните на оваа земја и дека како амбасадор би сакал да се работи на ова прашање во рамките на преговорите.