Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина, прашан дали ќе се спроведе дигитализација во здравството и дали ќе се создадеме здравствен систем кој ќе реагира соодветно посочи дека тоа е еден од приоритетите и се надева дека во периодот кој што следи особено во делот на дигитализацијата ќе имаме напредок. Мицкоски потенцираше дека ефектите од загадувањето односно неорганизираната животна средина најмногу имплицираат врз здравството и здравствените услуги. Кога би имале поквалитетна и поорганизирана животна средина тогаш граѓаните ќе имаат помала потреба од здравствени услуги.
Претседателот на Владата посочи дека Буџетот на Фондот за здравство е историски најголем до сега, 53 милијарди денари, ако го споредиме со оној во минатите години имаме 300 милиони евра повеќе во овој буџет споредено со тие во минатото. „Животната средина е дел од превентивата на која многу малку се правело во минатото. Но, тоа е процес и нема да заврши брзо, процес кој ќе трае со години можеби и со децении.“
Мицкоски уште еднаш повтори дека за жал многу работи мораме сега да почнеме, меѓу нив е и оваа, но таква била состојбата со која се соочивме речиси пред една година.