Употребувајќи го градскиот скопски жаргон за недоветни луѓе, премиерот Христијан Мицкоски, денеска ги нарече „полноглавци“ оние што ќе му забележат на неговата реакција по пресудата од две години за човекот што ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Според транскриптот што го испрати прес-службата на Владата Мицкоски денес, меѓу другото, го кажа и ова:
„Ова не е правда и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда… Ова нема да биде уште еден случај што ќе се затвори без одговорност. Лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај“.