Мицкоски рече дека додека е тој премиер, такви вработувања нема да се случат. Премиерот Христијан Мицкоски денеска го демантираше првиот вицепремиер Изет Меџити, кој најави дека за една година ќе се вработат 3.000 Албанци во државната и јавната администрација. Мицкоски рече дека додека е тој премиер, такви вработувања нема да се случат.
„Нема таква работа, ниту пак ќе има додека сум јас претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат и добро е да се вработуваат луѓе кои ќе бидат компетентни и кои ќе одговорат соодветно на работните места. Ќе направиме закон за да има правична етничка застапеност, бидејќи овој што е направен Уставен суд го поништи. Некој може да седи да си прави списоци, јас тоа не го исклучувам, но додека сум јас премиер, таква работа нема да се случи“, рече Мицкоски. Претходно, Меџити изјави дека оваа власт за една година ќе вработи повеќе Албанци отколку што вработи претходната за два мандата. Извор: Новинска агенција МЕТА