Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.
Посетата опфати градежни активности на нов кружен тек на регионалниот пат Росоман-Кавадарци, целосна реконструкција и асфалтирање на улицата „8 Септември“, свечено отворање на нова спортска сала во село Сопот и пуштање во употреба на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, прв ваков објект наменет за сите општини од Вардарскиот регион.
Покрај тоа, извршив увид и во градежните активности на водоводната и канализациона мрежа во месноста Моклиште, каде се реконструираат каптажи стари над седум децении. Сите овие проекти се резултат на заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт, со поддршка од меѓународни партнери, и претставуваат инвестиции вредни повеќе од 100 милиони денари. Кавадарци расте, се развива и станува се подобро место за живеење.
View this post on Instagram