Имено, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски ме извести дека од денес започнува исплатата на субвенции за тутун во вкупна висина од 2.404.561.224 денари, или речиси 40 милиони евра на 14 502 тутунари. Значи тутунарите, заслужено, со својот труд од државата ќе добијат 40 милиони евра за последната реколта на тутун.
Ќе потсетам дека кога ја преземавме одговорноста да управуваме со државата затекнавме заостанати и неисплатени субвенции, а за некои субвенции се чекаше со години. Часовите и деновите на посветена работа излегуваат на површина. Се бориме за секој еден човек, преку дела да почувствува дека Македонија е повторно негова. Нека е со среќа.
View this post on Instagram