23.8 C
Скопје
25/06/2025 06:53
МАКТЕЛ

   

Мицкоски загрижен за опстанокот на СДСМ

      

Трогателна е„загриженоста“ на премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за опстанокот на опозициската СДСМ. Тој согледал реална опасност по локалните избори оваа политичка партија да престане да постои. Едноцифрениот рејтинг на социјалдемократите означува самоуништување на партијата е неговата констатација приопштена до јавноста. Можно е тоа што го посакува премиерот и да му се оствари на голема радост и среќа за иднината на Македонија. Од тој ден ќе ги снема велепредавниците и државните непријатели. ВМРО ДПМНЕ ќе ја зацврсти целосно апсолутната власт во речиси сите општини со што идеално се надополнува веќе воспоставената контрола во Собранието, врз претседателот на државата, врз сите институции на системот. Ни претстои совршен демократски воспоставен режим на просветна диктатура.

Владеењето на ВМРО ДПМНЕ ќе биде ера на владеење на правото, што е веќе докажано со векови. Преку ноќ ќе ги снема организираниот криминал и високата корупција, ќе ги снема и рекетот и комарот во големата коцкарница Македонија. Платите ќе растат постојано според потребите на граѓаните. Инфлацијата и скапотијата ќе бидат лошо минато на претходната власт. Македонија ќе биде со најголем економски раст во Европа. Образованието ќе се искачи високо на светските ранг листи, земјоделството, здравството, заштитата на човековата околина и целосно и експресно изградената инфраструктура ќе бидат на светско ниво. Демократијата ќе цвета, а човековите права и медиумите ќе бидат заштитени како никогаш досега. Стандардот и квалитетот на животот на граѓаните ќе расте вртоглаво. Ќе се решат проблемите со лошите комшии и веќе во третиот, четвртиот, или најдоцна во петиот мандат на ВМРО ДПМНЕ Македонија горда и достоинствена ќе биде замолена да стане членка на ЕУ. Тоа, се разбира, ќе се случи само ако се прифатат нашите нови услови и интереси со неопходното извинување на европските политички лидери за злоделата што ни се направени во изминатите години. Само во тој случај ќе биде едногласно прифатено нашето членство во ЕУ по неполни 25 години некаде околу 2050 година.

   

Кој е жртвата, а кој злосторникот

Има само еден мал проблем може ли ВМРО ДПМНЕ да функционира во држава каде што нема силна опозиција, нема предавници. Такво нешто не е можно,не бива патриотска партија без непријатели. Тоа веднаш го покажа и докажа Мицкоски. Не поминаа ни три дена од неговата големата загриженост за опасноста да исчезне СДСМ кога премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ се огласи во улога на психоаналитичар со силен напад по една опозицизиска критика на веќе отпишана и непостоечка политичка партија дека Македонија е понижена во годината на владеење на новата власт. Мицкоски ја обвини СДСМ дека боледува од „Стокохолмски синдром“ па во улога на Фројд разјасни дека станува збор за ситуација кога жртвата се вљубува во ловецот, односно во својот злосторник. Остана нејсно кој е жртвтата, а кој злосторникот. Ако граѓаните на Македонија се жртвата, а злосторникот е СДСМ, тогаш тие би биле заљубени во злосторничката партија. Ако пак жртвата е ВМРО ДПМНЕ тогаш големото мнозинство граѓани испаѓа дека се злосторници во кои се заљубиле големите патриоти од револуционерната партија. Би било добро познавачите на Фројд кои го подучувале премиерот за ваков настап да ја разјаснат оваа какафонија кој е жрвата, а кој злосторникот сиве овие 34 години на независноста и на македонската транзиција. Ако судиме по слепата вљубеност не е тешко да се открие кој е злосторникот што ја дави Македонија, а кој е ќоравата жртва.

Историски континуитет на партиското лидерство

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на одбележување на 35 годишнината од оснивањето на партијата во Хераклеја, а каде на друго место да се изведе драмата освен во антички театар, за да не се заборави античкиот вековен идентитет на Македонците, се обиде да го разјасни историскиот континуитет и на народот и на партијата. Но, не кажа ништо за континуитетот на партиското лидерство и кои се по име и презиме кои се оснивачите на ВМРО ДПМНЕ. Одбележувањето на јубилејот заврши со едена општа констатација на благодарност за сите оснивачи на партијата и борци за ВМРО на кои претседателот Мицкоски им се „поклони“. Притоа без именување и јавно признание на безимените за нивните заслуги. Тој дел од партиската историја во ВМРО ДПМНЕ е избришан поради фројдовски причини на „Стокхолмски синдром“, или од некое друго лудило што почесто се случува во лидерството на најпатриотската партија.

Па така оснивачот на партијата Љубчо Георгиевски не беше ни спомнат, ни присутен , а најверојатно ниту поканет да биде на одбележувањето на 35 годишнината од оснивањето на партијата. Тој е сместен високо во списокот на предавници како ортодоксен бугарофил. Вториот по ред партиски лидер, најуспешниот македонски премиер како што беше величан од сегашните сопартијци во партискиот врв, исто така, не беше присутен, односно беше оправдано отсутен. Не забележав дали испратил честитка од Будимпешта. Судирот меѓу првиот и вториот претседател не беше пригодно на ваква прослава да се спомнува, како што не беше разумно да се истакнат нивните големи заслуги за достигнувањата на Македонија во време на нивното владеење. Но, и за време на нивното опозициско делување. Имајќи ги предвид историските настани многу е веројатно дека истото ќе му се случи и на третиот претседател на ВМРО ДПМНЕ кога ќе стаса на чело четвртиот. И сѐ така додека не се стаса до Солун на 23 октомври и историската 1893 година кога е формирана ВМРО, односно според Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Историјата се повторува како фарса

Имајќи го предвид историскиот континуитет на ВМРО и на ВМРО ДПМНЕ за што во својот говор надахновено зборуваше Христијан Мицкоски иако историчарите тврдат дека не е упатно да се прават такви споредби , ќе си дозволам, по не знам кој пат, но сигурно повеќе од трипати, да приопштам еден цитат на еден од основачите на исторската ВМРО од 1893 година библиотекарот Иван Хаџи Николов во чија куќа е основана Револуционернта организација. Ако науката се оградува од вакви споредби, во политиката, во новинарството и во литературата тоа е дозволено, особено кога историјата се повторува како фарса. За тоа има многу примери во целата светска историја. Некои од тие дела се добитници на највисоки признанија, а има и повеќе нобелови награди за автори на ремек дела за страдањата од злоупотреби на политиката на историски настани. Тие сведоштва не се на страна на тие што прават историја, туку на тие што од таа историја страдаат. Злоупотребата на историјата секогаш е најсилното покритие за воведување диктатура.

Приказ за Сеќавањата на Иван Хаџи Николов на македонската јавност на двапати ги приопшти македонозналецот академик Гане Тодоровски во своите книги „Трактати на сонцељубивите“ и „Допирање на недопреното“. каде потврдува дека располга со интегралниот текст на Спомените на Иван Хаџи Николов кои целосно никаде не се објавени. Тоа што е објавено е преправано и фалсификувано, тврди академик Тодоровски . Еве што напишал Иван Хаџи Николов во уводот на своите Спомени: …„ мислата дека треба да се напише нешто за Револуционерната организација ми го облева срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не е самата Организација, туку Софија, со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не националистичка политика ја погреба Македонија и ѝ причини огромни жртви од луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам како виновен за сите тие несреќи, дека јас и моите другари станавме причина за револуционизирањето и во последица на тоа – погубувањето на Македонија и на Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух, како тие луѓе не нé убија со камења откако го согледаа грозниот и жалниот излез на нашата револуционерна иницијатива. Цела Македонија, како еден човек, со трогнувачка еднодушност тргна зад нас, ни ја даде сета своја поддршка и својата морална доверба ние да го водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново уште потешко ропство и при такви , дијаметрално противположни резултати пак да не не обвинува да не не навредува, да не мрмори против нас- создавачите на револуционерната организација и водачите , туку молчаливо и со полна покорност на својата судба да си го подземе тешкиот голготски крст- тоа предизвикува во мене адмирација и велам: Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужни“…

Дали во историскиот континуитет на ВМРО во ДПМНЕ препознаваме ново упропастување на Македонија и повторно покорно преземање на тешкиот голготски крст, само што овој пат тоа не е за адмирација, туку за осуда. Се разбира има и разлика. Иван Хаџи Николов со товар на тешка историска вина, голем комплекс на одговорност, си го одзема животот притснат и од тешка болест. Самопрогласените наследници на Револуционерната организација, бидете без гајле, немаат таков проблем на одговорност и комплекс на вина. Тие упропастувањето на Македонија со револуционерна патриотска пропаганда го претвараат во голем успех. (Nezavisen.mk)

Ерол Ризаов

независен мк

   

Најново

(Видео) Бели балони за загинатите во Кочани „Никогаш нема да ве заборавиме“

Sase Ivanovski

Иран прогласи „крај на 12-дневната војна“ со Израел

Sase Ivanovski

Укинати сите ограничувања за цивилите во Израел, аеродромите повторно функционираат

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на Трамп од дното на срцето

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите

Sase Ivanovski

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Баерн изгуби од Бенфика и во осминафиналето оди на Фламенго

Sase Ivanovski

Без здружени сили, гласовите на локалните избори ќе се изгубат, вели Александар Анѓушев од ДОМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Амандманот за „модерни“ македонска нација и јазик е преседан

Sase Ivanovski

Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Sase Ivanovski

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување, мораме да направиме повеќе

Sase Ivanovski

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ – БЕСПЛАТЕН културен спектакл под отворено небо!

Sase Ivanovski

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Sase Ivanovski

Палестина: Бараме прекинот на огнот да се прошири и на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Србија треба да избегне нов договор за гас со Русија, вели Енергетската заедница

Sase Ivanovski

Зголемен обем на работа на јавните обвинителства во 2024 година, покажа Годишниот извештај

Sase Ivanovski

Османи: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

Sase Ivanovski

Израелска армија: Воената кампања против Иран не е завршена, претстојат операции, но ИДФ засега ќе се фокусираат на борби во Појасот Газа

Sase Ivanovski

МНР на Бугарија: Манипулативното толкување на перцепцијата за идентитетот од страна на Скопје честопати служи како изговор за неисполнување на обврските

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди –  Владата додели средства за развој на урбаните подрачја, Македонија атрактивна дестинација за француските инвеститори

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Sase Ivanovski

Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Sase Ivanovski

ПРОСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО Е 2500 ЕВРА

Sase Ivanovski

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Казна од 1.000 евра за една „ситница“, но и цените ќе ве изненадат

Sase Ivanovski

Се огласи Путин: Ќе му помогнеме на Иран така што во Октомври ќе направиме арапско – руски самит

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

Sase Ivanovski

Средба меѓу Сиљановска и Жељазков во Хаг нема да се случи – вели Муцунски

Sase Ivanovski

ОВИЕ лекови не треба да ги пиете со кафе

Sase Ivanovski

МИСТЕРИОЗЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА НА АЕРОДРОМ ПРЕД САМИТОТ НА НАТО Некој ја саботирал железницата во Амстердам?

Sase Ivanovski

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

Sase Ivanovski

Повеќе од 600 луѓе убиени во Иран од почетокот на израелските напади

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА, ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СЕ СООЧИ НА МТВ СО УРЕДНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И СО ДВАЈЦА АНАЛИТИЧАРИ

Sase Ivanovski

Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Sase Ivanovski

РЕЦЕНЗИЈА НА ДЕНОТ, ВИБРАТОРОТ ЌЕ ГО БИДЕ

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ СМРТНАТА КАЗНА ВО ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Блумберг: Нерешена мистерија – каде е ураниумот на Техеран?

Sase Ivanovski

Словенскиот европратеник Тонин: Усвоениот извештај во АФЕТ точно да ја одразува моменталната состојба во земјата

Sase Ivanovski

Трамп ја објави честитката од Руте за „одлучната акција во Иран“

Sase Ivanovski

НЛБ Банка Скопје одбележува 40 години постоење

Sase Ivanovski

Муцунски: Жалам што актуелната бугарска влада влегува во рускиот наратив за дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

ЛУДА ИЗЈАВА НА БУГАРСКИОТ ШЕФ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Македонскиот вековен идентитет бил провокација за милиони Бугари со потекло од Македонија?!

Sase Ivanovski

УЖАСНА ИЗЈАВА Шефот на бугарската дипломатија го поздравува тоа што АФЕТ не се вовлекол во наративи за „вековен македонски идентитет“

Sase Ivanovski

Киев: Средба Трамп-Зеленски утре на маргините на Самитот на НАТО

Sase Ivanovski

ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Платил двајца да ја убијат неговата екс сопруга и новиот партнер, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието

Sase Ivanovski

Извештајот на Вајц со „македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП

Sase Ivanovski

Трамп: Очекувам значајни достигнувања од Самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

СКОПСКИ СТО КЕЦ ХИТ НА ГРЧКА ГРАНИЦА

Sase Ivanovski

Мицкоски за извештајот: Добро е што ја поминавме првата фаза, видовме дека не се стотина Бугари во Устав, туку дека е подлабока болката

Sase Ivanovski

Владата со мерки против топлотниот бран – климатизиран јавен превоз во жешките денови

Sase Ivanovski

Измама во гостиварско – го зел „аудото“ да го однесе на мајстор пред да го купи, па му се губи трагата

Sase Ivanovski

Израел соопшти дека се „воздржува“ од понатамошни напади врз Иран по телефонскиот разговор меѓу Нетанјаху и Трамп

Sase Ivanovski

Групацијата ЕИБ го зголемува плафонот за финансирање за 2025 година на рекордни 100 милијарди евра за да ги зголеми инвестициите во безбедноста и одбраната, енергетските мрежи и технолошкото лидерство во Европа

Sase Ivanovski

Стоилковиќ: Меѓуетничките односи во државата се стабилни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Додека функционерите на власт се гоштаваат со папаја и манго, работниците се оставени сами

Sase Ivanovski

Томовски: Владата продолжува да издвојува средства онолку колку што е потребно за настраданите лица од Кочани да добијат соодветни услови и да не бидат изложени на додатни трошоци

Sase Ivanovski

Охриѓанец (75) почина по службен разговор во полиција

Sase Ivanovski

Млад возач (18) од Сарај кај Бит Пазар прегази пензионер

Sase Ivanovski

Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Sase Ivanovski

Бугарското МНР не е против „модерни“ перцепции за идентитетот

Sase Ivanovski

СДСМ: Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром?

Sase Ivanovski

Филипче за ТВ 24: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

Sase Ivanovski

Милошоски: Наградно прашање – Дали некој во оваа држава знае барем една работа што останала зад името на Андреј Жерновски

Sase Ivanovski

Лавров: НАТО се обидува да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Aрктикот

Sase Ivanovski

Герасимовски: Подготвуваме одлична програма, анкетите ни даваат ветер во грб за втор мандат

Sase Ivanovski

ПУТИН МОЖЕ ДА ГО НАПАДНЕ НАТО ЗА 5 ГОДИНИ Зеленски вели дека доцни планот за трошење во Алијансата

Sase Ivanovski

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

Sase Ivanovski

ЖИВНУВА РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ Перински вели дека ќе се пренасочуваат пари од централниот буџет на локално ниво

Sase Ivanovski

ОЈО отфрли пријава дека новинар тајни снимал со телефон – Шефица на Одделот за односи со јавност во Град Скопје тврдела дека ѝ била нарушена приватноста

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ГО ПРЕКИНА ИЗВОЗОТ НА МУНИЦИЈА ПО РЕАКЦИИТЕ НА МОСКВА Захарова го повика Белград да каже дали го помагал Киев

Sase Ivanovski

НАСТАВНИЧКИОТ СОВЕТ ДА НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА ПОПРАВА ОЦЕНКИ Јаневска вели дека тестирањето во „Георги Димитров“ било по закон

Sase Ivanovski

Арагчи: Нема договор за прекин на огнот, но ако Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади

Sase Ivanovski

Владата пред граѓаните со почеток на кампања го презентираше сработеното за 1 година: Година на стабилизација, основа на идниот раст и развој

Sase Ivanovski

Се подготвува новата еврообврзница, износот ќе биде поголем од 700 милиони евра

Sase Ivanovski

Земјотрес во Албанија, ги затресе и југозападните делови на Македонија

Sase Ivanovski

Изменет е обвинителниот акт, судењето за таткото на Васил Јованов е одложено за септември

Sase Ivanovski

ДУИ: Балансерот се заменува со годишни извештаи, за Албанците овој закон е штетен

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС лаже, освен Бугарите кои се членови на ЕПП, другите членови од нашите сестрински партии гласаа „ЗА“, социјалистите на СДС против Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Уништените плоштади, Старата чаршија и амфитеатарот во Варош – резултат од четиригодишното владеење на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„Веќе вклучуваме во петта и шеста брзина“ најави Мицковски и вети инвестициски бум

Sase Ivanovski
Вчитувам....