– Албанската опозиција повеќе од 20 години имаше можност да создаде закон кој што ќе обезбеди правична застапеност, но тоа не го направија. Тие создаваа импланти кои завршија со големи злоупотреби и измами. Таа опозиција, кога на времето беше во владата, и самите во еден извештај кажуваат дека времето на условно кажано алатката балансер е изминато и треба да се замени со нов начин за обезбедување правична застапеност. Но, кредибилитетот на тие политичари посебно за овој закон е сведен на нула, истакна Мицкоски.Според премиерот, целта на новиот закон е да се обезбеди професионализам, да е применлив и да не се политизира.
– Да причекаме да се произнесе Венецијанската комисија, а потоа сите пратеници во парламентот ќе го имаат предлог текстот и ќе може да учествуваат со амандмани и доколку формата биде усогласена истата да биде изгласана, а потоа и применета. Сакаме се да биде како што треба за тоа да не се политизира и да не се создава политичка тема таму каде што нема потреба. Ова е закон што обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, нагласи Мицкоски.