Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше денешното гласање за извештајот за Македонија во Европскиот парламент, при што рече дека е добро што сме ја поминале првата пречка на Комисија за надворешна политика во ЕП и дека јавноста видела дека проблемот е подлабок од само уставни измени. Иако досега се кажувало дека прашањето со идентитетот и јазикот е бетонирано, сепак се покажало дека не е така.
„Многу внимателно се однесувавме целиот овој период. Сега нема ништо да зборувам за тоа што се случуваше, но многу скоро од денеска ќе зборувам гласно, јасно и многу отворено. Но знам дека беше жестока борба за да се помине оваа прва пречка, која што не би требало да постои. Ако ги слушате пораките од поедини политичари од Брисел дека никогаш идентитеот не бил предмет на разговори и преговори, дека никогаш јазикот не бил предмет на договори и преговори, дека тој бил бетониран, затворена тема, видовме дека не е така.
Македонската и европската јавност виде дека не е така. Во 21 век во Европа се уште ние се бориме за идентитетски прашања, за нашиот мајчин јазик итн. Но добро е што ја поминавме оваа прва фаза на Комисијата за надворешна политика, убедливо беше гласањето“ рече Мицкоски.Тој нагласи дека на пленранта седница на 7 до 10 јули очекува да има амандмани и дека одделни политичари во ЕП ќе поддржат некакви амандмани, но дека никој не може да им забрани и дека такви се процедурите.
„Важно е што видовте дека не се стотина Бугари во Устав, туку дека е подлабока болката и дека е децениска, вековна. Ние ќе се бориме, дали ќе успееме не знам, но граѓаните видоа со што се соочуваме“ додаде Мицкоски.Тој нагласи дека на пленранта седница на 7 до 10 јули очекува да има амандмани и дека одделни политичари во ЕП ќе поддржат некакви амандмани, но дека никој не може да им забрани и дека такви се процедурите.„Важно е што видовте дека не се стотина Бугари во Устав, туку дека е подлабока болката и дека е децениска, вековна. Ние ќе се бориме, дали ќе успееме не знам, но граѓаните видоа со што се соочуваме“ додаде Мицкоски.Мицкоски нагласи дека очекувале вакво нешто со оглед дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев е дел од Европската народна партија.