Процедурата за разрешување на Јавниот обвинител е тргната и нема сопирање, на редовна владина седница тоа ќе помине, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Задолжено е министерството за правда, министерот за правда да достави ја достави процедурата како ќе оди, задутре имаме редовна владина седница, тоа ќе го поминеме. Процедурата е тргната, нема сопирање – изјави Мицкоски.
Запрашан во однос на Судскиот совет, Мицкоски вели дека треба чекор по чекор да се оди.
-Чекор по чекор да одиме, само што слетавме пред 15 минути, да видиме што се случуваше. Да ме избрифираат соработниците. Следно е Судски совет, тие два процеси се паралелни – рече Мицкоски.