Премиерот Христијан Мицкоски рече дека работат на темата со царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увозот од 180 земји, вклучувајќи ја и Македонија. За увозот од Македонија, Трамп одреди царина од 33 отсто. „Работиме и на таа тема. Со САД сме во постојана комуникација и со Министерството за економија и Министерството за финансии. На дневна основа работат тимови и телефонски се разговара. За многу скоро денеска очекувам добра вест за македонските граѓани и македонската економија“, рече Мицкоски.
Трамп воведе царини од 20 отсто на земјите од ЕУ, како и 34 отсто на Кина. На Балканот, најголема царинска стапка отсега ќе има Србија – 37 отсто, по што следува БиХ со 35 отсто, додека Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто. Новите царински стапки треба да стапат во сила во текот на наредните седум дена.