Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит што ќе се одржина утре и задутре во Република Унгарија. Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.
Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта, стои во соопштението. По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерите на двете земји.