Пред зградата на Сточниот пазар во Ново Село, во Општината претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе информира за увидот во градежни активности на проектот изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево во оваа општина, соопшти прес службата на Владата во најавата за утрешните активности на премиерот.
Посетата на Општината Ново Село е во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома” во организација на Министерството за локална самоуправа при што министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржи работна средба со градоначалникот Ѓорѓе Божинов и членовите на општинскиот Совет. -По средбата, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и други владини претставници, ќе извршат увид во градежните активности на проектот изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево, соопшти ресорното министерство.