Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, околу прашањето дали Собранието може или не да ги отповика членовите на ова тело кои се избрани од законодавниот дом. Премиерот Христијна Мицкоски дава изјави за медиумите по денешниот настан во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје / Фото: Принтскрин Додека новиот претседател на Судски, Камбовски, вели дека единствено место каде член на Советот може да биде разрешен е самиот Совет, за премиерот е нелогично институцијата што ги бира да не може да ги отповика.
„Не, не ветивме, туку рековме дека тоа ќе биде една од мерките којашто ќе ја преземеме во борба на подобрување на работењето на судскообвинителскиот систем во државата, бидејќи сите ќе се сложите тој е на екстремно ниско ниво од два проценти. Сега ако ние седиме настрана и во публика само критикуваме, а ништо не преземаме тогаш сме ја изневериле довербата од граѓаните. Граѓаните очекуваат акција од нас“,рече Мицкоски Откако Собранието кон средината на декември не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет за 2023 година, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши информира дека пратениците ќе одлучуваат за разрешување на членовите на Советот избрани од парламентот и именување на нови на нивно место. Станува збор за петмина членови на Судскиот совет, а за можноста за отпочнување на процедурата, според спикерот е уредена со Деловникот и ќе се води во Комисијата за изборите и именувањата.