23.8 C
Скопје
17/04/2025 16:19
МАКТЕЛ

    

Мицкоски: Корупцијата е најголема пречка за развојот и иднината на еден народ, и затоа мојот став е остра и бескомпромисна борба 

      

Почитувани претставници на институциите, Почитувани членови на ова тело, Претставници на медиумите, екселенции, Драги сограѓани, Со денешната седница, го конституираме Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Ова тело претставува чекор напред во обидот конечно да воспоставиме функционален и синхронизиран систем кој ќе ѝ застане на патот на корупцијата. Но дозволете ми веднаш да бидам јасен: Ова тело нема да биде само уште една административна конструкција.

Ние сме овде за да создадеме нова форма којашто ќе има суштина, а нема да биде форма којашто ќе биде без содржина. Сакаме да изградиме механизам што ќе делува – брзо, ефикасно и бескомпромисно.
За жал, изминатите години гледавме како корупцијата тивко, но упорно ја разјадува довербата и кај граѓаните, но и во институциите.
Судски постапки што траат со години.
Обвиненија што никогаш не завршуваат со пресуда.
Истраги што се отвораат само кога ќе станат медиумска сензација.
Сето тоа создаде чувство кај граѓаните дека правдата е селективна, а корупцијата – прифатена.
И токму тоа е најголемата штета. Не само изгубените пари. Туку изгубената верба.
Корупцијата убива надеж. Ги тера младите да си заминат. Ги обесхрабрува чесните. Го подрива општеството.

Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата.  Вчера јавноста, најново се згрози за случајот во Тетово. По сообраќајна несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 година, по признавање на вина, сторителот кој одзема млад живот беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор, за да Врховниот суд ги укине двете пресуди на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години затвор на сторителот кој смртно одзема недолжен човечки живот, 22-годишната Теодора Ристевска. Повторувам, Судот во Тетово му досуди две години затвор на сторителот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда.

   

Ова не е партиска борба, ова е битка за вистината, за одговорноста, за правдата. Затоа што ова е борба меѓу луѓе и нелуѓе. И луѓето мора да победат. Само така можеме заедно да победиме. Ако овој систем не се ресетира сега, ако не се преземат мерки сега, тогаш бадијала ни е сè. Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината. Кој бил дел од ова, кој дозволил, кој гледал настрана – ќе одговара. И институциите, и одговорните лица, и сите кои на било кој начин придонеле за оваа трагедија да се случи. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата. Ова нема да биде уште еден случај што ќе се затвори без одговорност. Лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај. Ова е моментот кога мораме да покажеме дека законите важат за сите. Затоа што можна следна жртва е секој еден од нас. Секој што ја злоупотребил својата моќ, секој што го ставил својот интерес пред безбедноста на граѓаните – ќе се соочи со правдата.   Ова е моментот кога мора да покажеме дека законите важат за сите.  Оваа борба не е само борба против криминал, корупција туку ова е борба за душата на нашата татковина.
За вредностите што сакаме да ги живееме. За тоа дали ќе бидеме општество на ред и закон или на „врски“ и „договори под маса“.

Меѓуресорското тело има историска одговорност – да воспостави координација помеѓу сите клучни институции:
– Државната комисија за спречување на корупција,
– Министерството за внатрешни работи,
– Јавното обвинителство,
– Финансиската полиција,
– Управата за јавни приходи,
– Царинската управа,
– Министерството за правда,
– Министерството за финансии,
и други.
Овие институции веќе имаат надлежности. Она што им недостасува е:
координација, храброст и одговорност.
Ова тело мора да биде местото каде што информациите се споделуваат навремено.
Каде што никој не премолчува. Каде што се преземаат иницијативи, се следат случаи и се бараат резултати.

Но исто така, мораме да ја признаеме и реалноста:
За жал, граѓаните не се задоволни од работата на судиите. Судството и обвинителството се слабата алка во борбата против корупцијата.
И тоа не е мое мислење. Тоа е впечаток на народот.
А народот не греши кога со години гледа како правдата се одложува, извртува, исчезнува.
Судството мора да ја врати својата улога – не како нем набљудувач, туку како клучен актер во оваа борба. Ќе ги поддржиме со законски решенија, со буџет, со логистика, сѐ што треба ќе направиме. Но истовремено – бараме отчетност. Не може повеќе предметите да чекаат, додека јавноста очекува. Како што има кажано Винстон Черчил: „Силата на еден народ не се мери само со армијата, туку и со правдата што тој народ ја гарантира.“

Граѓаните не сакаат спектакл. Тие сакаат резултати. Сакам да гледаме функционери коишто кога ќе се огрешат, кога ќе бидат вовлечени во криминал ќе одговараат, институции што не толерираат, и систем што штити – не краде.
Нема да дозволиме борбата против корупција да остане на хартија.
Ќе следиме конкретни резултати. Ќе поставиме индикатори и истите ќе ги објавуваме јавно. Нема веќе недопирливи. Нема веќе „тој е наш“.

Јас лично – како претседател на Владата – ќе бидам дел од секој извештај, секоја средба, секоја проценка. Ќе бидам најгласниот поддржувач на ова тело, но и негов најголем критичар – ако не дава резултати, се разбира. Ова не е борба на една Влада. Ова е борба на целото општество. И затоа ги повикувам сите – граѓаните, медиумите, невладиниот сектор, бизнисот – да бидат дел од овој процес.
Да пријавуваат. Да реагираат. Да не молчат. Ќе изградиме систем каде што функцијата ќе значи служба, а не привилегија. Каде што законот ќе важи за сите – не само за обичниот човек. Каде што младите ќе останат тука – затоа што ќе имаат причина да веруваат. И не заборавајте корупцијата е најголемата пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Да создадеме држава која нема да се срами од вистината. Туку ќе се гордее со неа. Држава во која корупцијата не е навика – туку забранета зона. Држава во која не победуваат најгласните – туку најчесните.

Ви благодарам.

  

Најново

Вучиќ најави „пресметка“ со државните универзитети, пари ќе се даваат за приватните, најави прераспределба на средства преку нов закон

Sase Ivanovski

Автомобил се судрил со мопед во Скопје, возачот избегал и го оставил тешко повредениот моторџија

Sase Ivanovski

Путин го фали Илон Маск, го спореди со шефот на советската вселенска програма

Sase Ivanovski

Македонското еколошко друштво ја пошумува планината Буковиќ, важен коридор за балканскиот рис

Sase Ivanovski

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ: Ве информираме дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Виктор Паунов: Доградбата на детската градинка ,,Кокичиња” се движи во одлична динамика

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Хрватска загинаа тројца, од кои две се деца

Sase Ivanovski

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска во Тетово

Sase Ivanovski

Продолжен притворот за Бектеши

Sase Ivanovski

Полицаецот за кој се шпекулираше дека е во бегство сам се пријавил во станица, семејството тврдеше дека е дома но никој не го побарал

Sase Ivanovski

Најмалку 23 загинати во израелски напади врз кампови во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Велигденско послание на г.г. Стефан: Трагедијата во Кочани не сплоти во тага и во молитви за настраданите

Sase Ivanovski

Во несреќа со мотоцикл загина 38-годишник од скопско Буковиќ

Sase Ivanovski

mSTART HELLO од МТЕЛ – првата припејд СИМ картичка во Македонија со важност од 3 месеци!

Sase Ivanovski

Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба

Sase Ivanovski

Дом на млади, (наследство претставено во книгата „Социлаистичкиот модернизам во Бугарија“) Дупница, Бугарија Изградена во 1975 година – Архитект Милчо Сапунџиев

Sase Ivanovski

Слаткар и Сања Николиќ насмеани со синчето Моша на прославата за неговиот 5-ти роденден

Sase Ivanovski

Кога Марк Твен се оженил со Оливија Ленгдон, тој му рекол на еден пријател: „Да знаев колку може да биде среќен брачниот живот, ќе се оженев пред 30 години наместо да губам време со растење на забите“

Sase Ivanovski

Милан сега е трет најбогат град во Европа: 115.000 милионери и 17 милијардери

Sase Ivanovski

Велигденски концерт на женски камерен хор “Св. Злата Мегленска”

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Поддршката на зелени политики е клучна за одржлив развој и унапредување на квалитетот на животот!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) ВУЛКАН ОД ЕМОЦИИ ВО СКОПЈЕ Вардар и Црвена звезда играа за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Џудо Федерација на Македонија: Со посебна чест ви го најавуваме Европското Кадетско Првенство во Џудо – Скопје 2025

Sase Ivanovski

ХАРВАРД ЌЕ ГО ИЗГУБИ ПРАВОТО ДА ЗАПИШУВА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ? Трамп му даде рок, а Универзитетот се повика на Уставот на САД

Sase Ivanovski

Ленче Николовска: Денеска во Винарија КАМНИК присуствував на презентација на Универзалниот земјоделски робот – AgAR е дизајниран да може да ги извршува речиси сите земјоделски работи, почнувајќи од орање, садење, прскање, наводнување, па сѐ до берење на грозјето

Sase Ivanovski

Дигитален мост меѓу Собранието и граѓаните: Презентирани две нови веб платформи за унапредување на отвореноста и дигиталната комуникација на законодавниот дом

Sase Ivanovski

Guns N’ Roses Belgrade_Art: Конкурс за сите креативни уметници и фанови

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства, лажеа дека уставните измени се последно барање, сега Бугарија ги демантира

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Sase Ivanovski

Концерт на македонско-турското дуо во Даут Пашин Амам

Sase Ivanovski

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција

Sase Ivanovski

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

Sase Ivanovski

ДИМИТРОВСКИ: ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ НЕ МОЖЕ ДА ЗАВИСИ ОД РАБОТАТА НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА СО БУГАРИЈА

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори

Sase Ivanovski

СДСМ: 30 дена селективна истрага за Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери?

Sase Ivanovski

Мисајловски од тетовската касарна: Подобрување на условите за работа за секој припадник се приоритет на Министерството и на Армијата

Sase Ivanovski

Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) РУСКИ МАФИЈАШ ЛИКВИДИРАН КАКО НА ФИЛМ Убиецот се појавил во костум за хемиска закана и пукал од блиску

Sase Ivanovski

РАМПАТА КОН РУСИЈА ОСТАНА СПУШТЕНА Финска одлучи границата и натаму да биде затворена

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ЌЕ ОДИ ВО МОСКВА ПО ЦЕНА И НЕБОТО ДА МУ СЕ УРНЕ ВРЗ ГЛАВА Српскиот претседател не попушта пред уцените од ЕУ

Sase Ivanovski

Папата Франциско нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан

Sase Ivanovski

ДУИ: Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага за „Пулс“?

Sase Ivanovski

Бугарија: Северна Македонија ја загрозува навремената изградба на Коридорот 8, кој е исклучително важен за колективната безбедност на НАТО и ЕУ

Sase Ivanovski

Тетовското обвинителство ја обжали пресудата на судот кој даде само две години затвор за возачот кој смртно ја прегази Теодора

Sase Ivanovski

Жељазков и Кос согласни дека без Западен Балкан не може да се заврши европскиот проект

Sase Ivanovski

Царините на САД досега им донесоа 21 милијарда долари, Трамп очекуваше многу повеќе

Sase Ivanovski

Научници открија докази за постоење на живот на друга планета

Sase Ivanovski

Бугарија: Јавниот обвинител нареди забрзување на постапките со жртви во сообраќајни несреќи

Sase Ivanovski

Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани, тврди ОЈО

Sase Ivanovski

Хрватска го зголемува надоместокот за боледување, ќе издвои над 133 милиони евра

Sase Ivanovski

Најмалку 23 загинати во израелските напади врз камповите во Газа

Sase Ivanovski

ДУИ: Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага за „Пулс“?

Sase Ivanovski

Продолжува блокадата на РТС; Студентите побараа итно јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ

Sase Ivanovski

Никола Јолески избран за в.д. основен јавен обвинител во ОЈО Струга

Sase Ivanovski

Елена Гинали: Финансиски мозок зад стартап успеси I New Biz Podcast

Sase Ivanovski

Иранскиот министер за надворешни работи допатува во посета на Москва

Sase Ivanovski

СТО: До 2035 година во туристичкиот сектор ќе има 4,5 милиони работни места

Sase Ivanovski

Трипуновски: Во потрошувачката кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава

Sase Ivanovski

Изградени нови пешачки патеки на повеќе локации во Аеродром

Sase Ivanovski

Се покачуваат цените на „Тему“, царините на Трамп си го направија своето

Sase Ivanovski

Продолжен притворот за Бектеши

Sase Ivanovski

Босанските камионџии на 28 април ќе престанат да возат, бараат од ЕУ да им го зголеми престојот

Sase Ivanovski

Кузеска: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, а се води истрага против службеници до 2022 година?

Sase Ivanovski

Три дена бесплатно паркирање на паркиралиштата на ПОЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јотова до македонските колеги: Бугарските барања се нормални, а не наш каприц

Sase Ivanovski

Пред Велигден силно невреме – За празникот УХМР носи убави вести

Sase Ivanovski

Обвинителството бара нови 30 дена притвор за Крешник Бектеши

Sase Ivanovski

САД ја затвораат канцеларијата за дезинформации

Sase Ivanovski

Продолжуваат превирањата во „Вреди“, коалиционите партнери во Владата ги следат случувањата

Sase Ivanovski

Украинските вооружени сили нападнаа територија во близина на нуклеарната централа Запорожје

Sase Ivanovski

Додик: Се чувствувам побезбедно во секоја друга земја отколку во БиХ

Sase Ivanovski

РАБОТНО ВРЕМЕ НА ПАРКИРАЛИШТАТА НА ЈП ПОЦ ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Sase Ivanovski

„Левица“ втор ден бара оставка од Таравари за скандалот на Кардиохирургија

Sase Ivanovski

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува пријава

Sase Ivanovski

Романското гасно поле како нов сојузник на Србија: Излез од зависноста од рускиот гас

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска пред германските инвеститори во земјава – Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови

Sase Ivanovski

Приведени разбојници во Скопје, со закана ограбиле малолетници на автобуска станица

Sase Ivanovski
Вчитувам....